Религија во Боливија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ајмарка при молење.

Религијата во Боливија ги опфаќа сите религиски групации кои опстојуваат во земјата. Боливија е католичка земја уште од шпанската колонизација на Јужна Америка.

Религиски заедници[уреди | уреди извор]

Голем дел од Боливијците се Католици, но се проценува дека мал дел активно се ангажирани во црковниот живот. По Вториот ватикански совет (1962-1965) Црквата се обидела да ја направи религијата поактивна во социјалниот живот. Според истражувањето на Americas Barometer, со можна грешка од +/- 1,8%, населението на Боливија е поделено на:[1]

религија процент белешки
Католичка црква 81.6%
Евангелистичка црква 10.3%
без религија 3.3% атеисти, секуларни лица
Протестантска црква 2.6% Адвентисти, Баптисти, Калвинисти, Лутерани и др.
Мормони и Јеховини сведоци 1.7%
нехристијани 0.4% Бахаисти, Евреи, Муслимани, Будисти, Хиндуси
Традиционални религии 0.1% староседелски религии

Црквата и државата[уреди | уреди извор]

Според уставот на Боливија од 2009 година, Боливија е секуларна држава. Во минатото Боливија имала државна религија, каде Католицизмот бил официјална религија. Уставот на Боливија гарантира слобода на религиска определба и нема податоци за тоа дали владат врши опресија на малите религиски групации.

Нерелигиозни[уреди | уреди извор]

Gallup во 2007 година спровел анкета во државата и меѓу прашањата било прашањето „Дали религијата е важна во вашиот живот?“ На ова прашање, 12% од испитаниците рекле дека не им е важна религијата.[2] Според истражувањето на Americas Barometer, 3.3% од испитаниците се изјасниле дека немаат религија.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]