Религија во Јужноафриканска Република

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Религија во Јужноафриканска Република
Религија Процент
Сионисти
  
11,1 %
Пентекости
  
8,2 %
Римокатолици
  
7,1 %
Методисти
  
6,8 %
Калвинисти
  
6,7 %
Англикани
  
3,8 %
Останати христијани
  
36 %
Муслимани
  
1,5 %
Останати/Нерелигиозни
  
18,8 %

Религијата во Јужноафриканска Република има значајна улога во секојдневниот живот на луѓето во земјата. Јужноафриканската Република е секуларна држава и нејзиниот устав гарантира слобода на религијата. Многу религии се застапени во етничката и регионалната разновидност на населението, а христијанството во целост е доминантно.

Историја[уреди | уреди извор]

Хиндуистички фестивал
Англиканска катедрала
Џамија во Кејптаун.

Африканската традиционална религија која била практикувана од страна на Којсанците и Банту народот за време на апартхејдот била наследена од доминацијата на христијанството кое било воведено од страна на холандските и подоцна британските доселеници. За време на апартхејдот имало постојано прогонство на африканската традиционална религија и присилна конверзија во тоа време[1].

Во 1930 година, поголемиот дел од Африканците биле калвинисти.

Исламот бил воведен од страна народот Кејп Малтејци кои биле робови на холандските доселеници. Хиндуизмот бил воведен од страна на работниците увезени од индискиот потконтинент, а будизмот од страна на индиски и кинески имигранти.

Јудаизмот пристигнал извесно време пред откривањето на 'Рт на Добрата Надеж, со учество на еврејските астрономи и картографите во португалското откритие на морскиот пат до Индија. Тие им помагнале на Бартоломео Дијас и Васко де Гама, кои првпат пловеле околу 'Рт на Добрата Надеж во 1488 и 1497 година. Меѓутоа, еврејските доселеници почнале да доаѓаат дури во 1820-тите.

Бахајствотото било воведено во 1911 година[2] и денеска брои околу 250.000 членови[3].

Деноминации[уреди | уреди извор]

Христијанство[уреди | уреди извор]

Христијанството е доминантна религија во Јужноафриканската Република, при што речиси 80% од населението во 2001 година тврдело дека е христијанин. Ниту една единствена деноминација не преовладува. Поголем процент од верниците опфаќаат протестантските, африканските и католичките цркви. Во земјата постои значителен и одржлив синкретизам со африканската традиционална религија кај повеќето христијани[4]. Од вкупното национално население од 44,8 милиони, 35,8 милиони или 79,8% се идентификувани како членови на некоја христијанска деноминација[5]

Историјата на протестантизмот во Јужноафриканската Република датира од почетокот на европската населба 'Рт на Добрата Надеж во 1652 година. Оттогаш, протестантизмот е доминантна религија на европските доселеници во целина. Најголемата протестантска деноминација во земјата е Пентекостализмот, проследен со Методизмот, Калвинизмот и Англиканството.

Сионската христијанска црква е најголемата африканска црква во Јужноафриканската Република. Седиштето на црквата се наоѓа во Сион Сити Морија во провинцијата Лимпопо. Според пописот од од 1996 година, црквата броела 3,87 милиони членови. Со Јужноафриканскиот попис во 2001 година, нејзиното членство се зголемило на 4,97 милиони членови[6].

Католичката црква во Јужноафриканската Република е дел од универзалната католичка црква составена од римскиот обред и 22 источни ритуали, од кои Јужноафриканската црква е под духовно водство на конференцијата на Јужноафриканските католички бискупи и папата со седиште во Ватикан. Таа е составена од 26 епархии и архиепископи плус апостолски викаријат. Во 1996 година, околу 3,3 милиони католици во земјата или 6% од вкупното население се изјасниле како католици. Во моментов има 3.8 милиони католици[7]. 2,7 милиони се од различни црни африкански етнички групи, како што се Зулу, Коса и Басуто. Обоените и бели Јужноафриканци се околу 300.000[8]Повеќето бели католици зборуваат англиски јазик, а мнозинството потекнуваат од ирските имигранти. Голем дел потекнуваат и од португалски доселеници кои ја напуштиле Ангола и Мозамбик откако земјите станале независни во 1970-тите.

Ислам[уреди | уреди извор]

Исламот во Јужноафриканската Република е малцинска религија која ја практикуваат помалку од 1,5% од вкупното население, но според проценките за 2015 година, процентот на муслимани е 1.9% од вкупното население.[9]. Исламот во земјата бил донесен од страна на принудната миграција на робови, политички затвореници и политички прогонети лица од Африка и Азија, а во последно време има и голем број на економски мигранти[10].

Најголемиот дел од муслиманите се сунити, но има приврзаници и на Ахмадија, особено во Кејптаун [11].

Хиндуизам[уреди | уреди извор]

Хиндуизмот се наоѓа во различни провинции во Јужноафриканската Република, но првенствено во Квазулу-Натал. Околу 1,22% или 551,669 од јужноафриканското население се смета за хиндуистичко според пописот од 2001 година[12]. Ова е најголемата концентрација на хиндуисти во Африка по Маурициус.

Не е познато кога првите хиндуисти се населиле во делови од Јужноафриканската Република. Најголемиот дел од сегашните се потомци на индиферентните работници од британската колонијална влада, од 1860 до 1919 година, кои работеле на плантажи и рударски операции во сопственост на европските доселеници[13]. Раните хиндуистички населби претрпеле дискриминација, злоупотреба и прогонство[14][15]. Дискриминацијата продолжила во текот на апартхејдот до 1994 година.

Првите храмови во функција биле пуштени во 1870-тите. Некои јужноафрикански локални власти забраниле изградба на храм и сопственост на имотот од страна на хиндустите во 1910-тите[16]. За разлика од тоа време, денес во земјата има голем број на храмови[17].

Бахајство[уреди | уреди извор]

Бахајството во Јужноафриканската Република започнало со одржување на состаноци во 1911 година[18]. Мала популација на бахајски верници останала до 1950 година кога голем број меѓународни пионери се населиле во земјата. Во 1956 година, откако членовите на разни племиња во Јужноафриканската Република станале бахајски верници, исто така бил избран и регионален парламент. Подоцна секоја од конститутивните земји сукцесивно формирала свое независно национално духовно собрание. Во 2005 година бројот на верници бил проценет на околу 240.100 приврзаници[19].

Јудаизам[уреди | уреди извор]

Историјата на еврејското население во Јужноафриканската Република главно започнала под Британската Империја, следејќи ја општата шема на зголемено европско населување во 19 век. Заедницата се зголемила десеткратно помеѓу 1880 и 1914 година, од 4.000 до над 40.000. За време на апартхејдот, голем број евреи биле истакнати членови на во Движењето за борба против апархејдот, додека други биле инструмент за промовирање на проширувањето на дипломатските воени врски меѓу Израел и белата влада на земјата[20]. Еврејската заедница се разликува од нејзините колеги во другите африкански земји со тоа што мнозинството останало на континентот, наместо да емигрира во Израел (62% од максимум 120.000 се уште живеат во замјата).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Richard Elphick, T. R. H. Davenport, Christianity in South Africa: A Political, Social, and Cultural History (1997),ISBN 0520209400
  2. National Spiritual Assembly of the Bahá'ís of South Africa (2014). „History of the Baha’i Faith in South Africa“. Official Website. National Spiritual Assembly of the Bahá'ís of South Africa. конс. Mar 29, 2016. 
  3. Salma Xiater. Bahai Faith: A Complete Guide. стр. 112–13. https://books.google.com/books?id=hLD_CgAAQBAJ&pg=PA112. 
  4. http://ir.lib.uwo.ca/cgi/viewcontent.cgi?article=1107&context=totem
  5. „South Africa's people“. Pocket Guide to South Africa (2011/2012 издание). Government of South Africa. стр. 12. http://www.gcis.gov.za/sites/www.gcis.gov.za/files/docs/resourcecentre/pocketguide/004_saspeople.pdf. посет. 4 април 2012 г. 
  6. Census 2001: Primary Tables: Census '96 and 2001 compared. Pretoria: Statistics South Africa. 2004. стр. 25–28. ISBN 0-621-34320-X. http://www.statssa.gov.za/census01/html/RSAPrimary.pdf. посет. 1 декември 2014 г. 
  7. GCatholic.org
  8. Catholics in RSA 1996 census statistics posted on the website of the Archdiocese of Bloemfontein.
  9. Statistics South Africa. General Household Survey 2015 (PDF) (Извештај). стр. 28. конс. Apr 17, 2017. 
  10. Faizal Dawjee. „Muslims in the Struggle.“. конс. 24 May 2013. 
  11. Abdulkader Tayob. Islamic Resurgence in South Africa: The Muslim Youth Movement. стр. 104. https://books.google.com/books?id=eR019JqPbBkC&pg=PA104&dq&hl=en&sa=X&ei=ibqJU8mLNYO7PeKPgfgK&ved=0CEUQ6AEwBA#v=onepage&q&f=false. посет. 31 мај 2014 г. 
  12. „South Africa - Section I. Religious Demography“. U.S. Department of State. конс. 2006-07-15. 
  13. „Forced Labour“. The National Archives, Government of the United Kingdom. 2010. 
  14. R Huttenback (1976), Racism and Empire: White Settlers and Colored Immigrants in the British Self-Governing Colonies 1830-1910, Cornell University Press, ISBN 978-0801409745
  15. Michelangelo van Meerten, in History of Humanity: Scientific and Cultural Development, Editors: Peter Mathias and Nikolaj Tolorov, Volume 6, Originally published by UNESCO, Re-published by Routledge, ISBN 0-415-09310-4, pp. 72-75
  16. Bhana and Brain (1990), Setting down roots: Indian Migrants in South Africa, 1860-1911, Johannesburg, Witwatersrand University Press
  17. P.P. Kumar (2012), Hinduism in South Africa, in Elias Kifon Bongmba (Editor) - The Wiley Blackwell Companion to African Religions, ISBN 978-1405196901
  18. National Spiritual Assembly of the Bahá'ís of South Africa (2014). „History of the Baha’i Faith in South Africa“. Official Website. National Spiritual Assembly of the Bahá'ís of South Africa. конс. Mar 29, 2016. 
  19. „Most Baha'i Nations (2005)“. QuickLists > Compare Nations > Religions >. The Association of Religion Data Archives. 2005. конс. 2009-07-04. 
  20. P.W. Botha felt Israel had betrayed him“, Jerusalem Post, 2 ноември 2006 (посет. 2 ноември 2006 г).