Религии во Европа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Важноста на религијата во Европа (резултати од анкета на Галуп во 2008/2009 година)

Религијата во Европа има големо влијание врз денешното општество, уметност, култура, филозофија и право. Најголемата религија во Европа е христијанството, но нерелигиозноста и практичната секуларизација се силни.[1][2] Три земји во Југоисточна Европа имаат муслиманско мнозинство. Античките европски религии вклучувале почит кон божества како што е Зевс. Постојат современите движења за заживување на овие религии, како хетенизмот, родноверието, Ромува, друидизмот, вика и други. Помали религии се дармиските религии, јудаизмот и некои источноазиски религии, кои се најзастапени во Велика Британија, Франција и Калмикија.

Малку е познато за праисториската религија на неолитска Европа. Религијата во бронзеното и железното време во Европа како и на други места била претежно политеистичка (античка грчка религија, античка римска религија, баскиска митологија, финско паганство, келтски политеизам, германско паганство, итн.)

Римската империја официјално го прифатила христијанството во 380 г. За време на раниот среден век, поголемиот дел од Европа поминал низ христијанизација, процес што во суштина завршува со христијанизацијата на Скандинавија во доцниот средниот век. Поимот „Европа“ и „Западен свет“ е тесно поврзан со идејата за „христијански свет“, а многумина го сметаат христијанството за обединувачко верување кое го создало европски идентитет,[3] особено откако христијанството на Блискиот Исток било маргинализирано со подемот на исламот од 8 век. Овој судир ги предизвикал крстоносните војни, кои иако воено неуспешни, сепак биле важен чекор во појавата на европскиот идентитет заснован на религијата. Покрај тоа, традициите на народната религија продолжиле, главно независни од институционалната религија или догматската теологија.

Големиот раскол од 11 век и реформацијата во 16 век го разделуваат христијанскиот свет во непријателски фракции, а по просветителството на18 век, атеизмот и агностицизмот се рашируваат низ целиот континент. Ориентализмот од 19 век придонел за одредена популаризација на хиндуизмот и будизмот, а 20 век носи зголемен синкретизам, Њу ејџ и најразлични нови религиозни движења разведувајќи ја духовноста од наследените традиции за многу Европејци. Во последно време се забележува зголемена секуларизација и верски плурализам.[4]

Резултати од истражување на Галуп од 2008/2009 на кое испитаниците одговориле коклу религијата „им е битна во секојдневниот живот.“[5][6]
  
0%–9%
  
10%–19% (Естонија, Шведска, Данска)
  
20%–29% (Норвешка, Чешка, Велика Британија, Финска)
  
30%–39% (Франција, Холандија, Белгија, Бугарија, Русија, Белорусија, Луксембург, Унгарија, Албанија, Латвија)
  
40%–49% (Германија, Швајцарија, Литванија, Казахстан, Украина, Словенија, Словачка, Шпанија)
  
50%–59% (Азербејџан, Србија, Ирска, Австрија)
  
60%–69%
  
70%–79% (Хрватска, Црна Гора, Грција, Португалија, Италија, Полска, Кипар, Северна Македонија)
  
80%–89% (Турција, Романија, Малта, Ерменија, Молдавија, Босна и Херцеговина)
  
90%–100% (Косово, Грузија)
  
Без податоци
Важноста на религијата во Европа[5][6]
Држава Процент
 Естонија
  
16 %
 Шведска
  
17 %
 Данска
  
19 %
 Норвешка
  
21 %
 Чешка
  
21 %
 Обединето Кралство
  
27 %
 Финска
  
28 %
 Франција
  
30 %
 Холандија
  
33 %
 Белгија
  
33 %
 Бугарија
  
34 %
 Русија
  
34 %
 Белорусија
  
34 %
 Луксембург
  
39 %
 Унгарија
  
39 %
 Албанија
  
39 %
 Латвија
  
39 %
 Германија
  
40 %
 Швајцарија
  
41 %
 Литванија
  
42 %
 Казахстан
  
43 %
 Украина
  
46 %
 Словенија
  
47 %
 Словачка
  
47 %
 Шпанија
  
49 %
 Азербејџан
  
50 %
 Србија
  
54 %
 Ирска
  
54 %
 Австрија
  
55 %
 Хрватска
  
70 %
 Црна Гора
  
71 %
 Грција
  
71 %
 Португалија
  
72 %
 Италија
  
72 %
 Полска
  
75 %
 Кипар
  
75 %
 Романија
  
76 %
 Босна и Херцеговина
  
80 %
 Турција
  
82 %
 Малта
  
86 %
 Молдавија
  
88 %
 Ерменија
  
89 %
 Косово
  
90 %
 Грузија
  
90 %

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Special Eurobarometer, biotechnology, page 204“ (PDF). Fieldwork: Jan–Feb 2010.
  2. „Religiously Unaffiliated“. Pew Research Center's Religion & Public Life Project. 18 December 2012. Посетено на 22 February 2015.
  3. Dawson, Christopher; Glenn Olsen (1961). Crisis in Western Education (изд. reprint.). стр. 108. ISBN 9780813216836.
  4. Hans Knippenberg (2005). The Changing Religious Landscape of Europe. Amsterdam: Het Spinhuis. стр. 7–9. ISBN 90-5589-248-3.
  5. 5,0 5,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име gallup-religiosity-poor-nations.
  6. 6,0 6,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Gallup2.