Рекниц

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Рекниц
Recknitz Damgarten 01.JPG
Рекниц во Рибниц-Дамгартен
Место Мекленбург-Западна Померанија
Должина 88 км [1]
Извор северно од Тетеров како Шалбеке
53°49′37″ СГШ; 12°26′53″ ИГД / 53.82685° СГШ; 12.448° ИГД / 53.82685; 12.448Координати: 53°49′37″ СГШ; 12°26′53″ ИГД / 53.82685° СГШ; 12.448° ИГД / 53.82685; 12.448
Висина на изворот околу 44 м
Утока во Залскиот Залив кај Рибниц-Дамгартен
54°09′03″ СГШ; 12°16′21″ ИГД / 54.1507° СГШ; 12.2724° ИГД / 54.1507; 12.2724
Висина на утоката 0 м над NHN
Спуст 44 м
Одлив Ostsee
Слив 669 км² [1][2]
Десни притоки Трибомер Бах, Полхов, Плудербах
Леви притоки Шуленбергер Миленбах, Мајбах, Репелинер Бах
Паланки Лаге, Тесин, Бад Зилце, Марлов, Рибниц-Дамгартен

Рекниц (германски: Recknitz) — река во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, во североисточна Германија. Глацијалната долина на Рекниц се протега далеку на југ до Глазевиц близу Гистров. Реката нема определен извор, туку потекнува од неколку потоци и извори. Потоците Шалбеке и Плудербах се делат помеѓу Лисов и Лаге, но поголемиот дел од водата тече северно како Рекниц, додека помал дел, наречен Ауграбен тече јужно до реката Небел.

Долниот дел на Рекниц (од Рибниц-Дамгартен до Бад Зилце) е историската граница помеѓу Мекленбург и Западна Померанија. Меѓутоа, денес е само граница помеѓу Евангелистичко-лутеранската црква на Мекленбург и Померанската евангелистичка црква.

Започнувајќи кај Тесин, Рекниц е пловна со кану во текот на целата година. Во изминатите неколку години се преземени бројни мерки долж текот на реката за враќање на природната околина, правејќи го пејзажот попривлечен за луѓето. Три дела на реката претставуваат заштитени природни области.

Рекниц се влива во Залскиот Залив, крајбрежни води на Балтичкото Море близу Рибниц-Дамгартен.

Во октомври 955, во близина на реката се случила познатата Битка на Рекниц (Schlacht an der Raxa) помеѓу германската (Саксонци и Фризи) војска на царот Отон I Велики предводен од Геро Велики и Ободритите и другите Полапски Словени со водство на принцот Стогнев, брат на принцот Након.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Aktuelles amtliches Gewässernetz des Landes Mecklenburg-Vorpommern, DLM25W, verfügbar als Webdienst oder über das Kartenportal Umwelt Mecklenburg-Vorpommern
  2. Bestandsaufnahme 2004 nach Wasserrahmenrichtlinie in der Flussgebietseinheit Warnow / Peene, Hrsg. Landesamt für Umwelt, Naturschutz und Geologie Mecklenburg-Vorpommern, Güstrow 2005, S. 3

Надворешни врски[уреди | уреди извор]