Реквизит
Изглед

Реквизит (латински: requisitum) — севкупност на предмети неопходни за изведби во театар, за време на снимање филм или фотосесии, цртање и вајање од природата.[1][2] Реквизитите често се користат за да се однесуваат како на изворни, така и на бутафорски (лажни) предмети, но поимот „реквизит“ правилно се користи само во однос на изворните предмети, а не на вештачките.[3][4]
Реквизитите се стафажи, помошни детали што играат споредна улога и се користат за создавање на потребната заднина и атмосфера. Реквизитите можат да вклучуваат разни додатоци (чадор, бастун, и сл.), кои го надополнуваат сценскиот костум на глумецот и мали куќни предмети.
Лицето задолжено за реквизити во театар, киностудио и слично се нарекува реквизитер.[5][6]
Литература
[уреди | уреди извор]- Sofer A. The Stage Life of Props. — University of Michigan Press, 2003. — стр. 278 — ISBN 0-472-06839-3.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „реквизит“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „реквизит“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Реквизит // Словарь изобразительного искусства. — 2004—2009. (руски)
- ↑ Реквизит // Гуманитарный словарь. — 2002. (руски)
- ↑ „реквизитер“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „реквизитер“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|