Реис-ул-улема

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дел од серијалот

Ислам
Selimiye Camii ve Mavi Gökyüzü.jpg

Istanbul, Hagia Sophia, Allah.jpg
Историја на исламот

Верувања и обичаи

Божје единство
Вероисповед
МолитваПост
АџилакДобротворност

Главни дејци

Мухамед
АлиАбу Бакр
Дружината на Мухамед
Семејството на Мухамед
Исламски пророци

Текстови и Закони

КуранХадисШеријат
Исламско правоТеологија
Мухамедовите биографии

Гранки на исламот

СунизамШиизамСуфизам

Социополитички аспекти

АкадемциФилозофија
УметностНауки
АрхитектураГрадови
КалендарПразници
Жените во исламотВодачи
ПолитикаЏихадЛиберализам

Поврзано

Исламски лексикон
Индекс на статии за исламот

Реис-ул-улема[1] или голем муфтија (арапски: مفتي عام, muftī ʿām или арапски: كبير المفتين, kabīr al-muftīn) – врховен поглавар на исламската верска заедница во Македонија, највисок претставник на верското право во сунитските или ибадиските муслимански земји. Реис-ул-улема издава правни мислења и заповеди, т.н. фатви, на основа на толкувањата на исламските закони за приватни клиенти или за помош на судиите во решавање на случаи. Добиените мислења од реис-ул-улемата служат како драгоцен извор на информации за практичната примена на исламскиот закон како спротивност на апстрактните формулации. Фатвите на реис-ул-улемите не се задолжителни во областите на граѓанското право кои го регулираат склучувањето и разводот на брак, наследството, како ни во кривичното право.

Историја[уреди | уреди извор]

Муфтиите се муслимански верски научници кои издаваат влијателни правни мислења (фатви) со толкување на шеријатот.[2] Османското Царство ја започнало праксата за давање официјално признавање и статус на еден муфтија, кој е над сите други, како реис-ул-улема.[3] Реис-ул-улемата на Цариград од крајот на 16 век добил статус на шеф на верските установи.[4] Тој бил одговорен за религиско-правните стручњаци и давал правни поуки за битни работи од државната политика, како што е рушење на владарот од престоло.[4] Оваа пракса подоцна била преземена и приспособена во Египет во текот на 19 век.[3] Оттогаш, овој концепт се проширил и на другите муслимански држави, така што денес има 16 земји со значително муслиманско население кои имаат реис-ул-улема.[5] Односот меѓу реис-ул-улемата на која било држава и владарот на истата може битно да се разликуваат, како од регионот, така и од историската ера.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]