Резолуција 817 на Советот за безбедност на Обединетите нации

Од Википедија — слободната енциклопедија

По разгледувањето на апликацијата на Република Македонија за прием во Обединетите нации (ОН), на 7 април 1993 година Советот за безбедност на ОН ја усвоил Резолуцијата 817 (1993). Во преамбулата на оваа резолуција, Советот потврдува дека Република Македонија[1] ги исполнува критериумите за членство во Обединетите нации, но подвлекува дека настанала разлика во однос на името на државата и нотира дека разликата треба да се реши во интерес на одржување на мирни и добрососедски односи во регионот.

Со оваа резолуција, Советот за безбедност на ОН му препорачува на Генералното собрание на ОН Република Македонија да биде примена како членка на Обединетите нации, притоа за сите намени во рамките на ОН државата привремено да се нарекува „поранешната југословенска Република Македонија“ (на англиски: the former Yugoslav Republic of Macedonia) додека не се реши разликата околу името на државата.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Република Македонија не е именувана во резолуцијата

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • „Resolution 817 (1993)“. United Nations Digital Library (англиски).