Резолуција
Резолуција или разложеност на екранот кај дигитален телевизор, компјутерски монитор или кај друг уред за прикажување видео сигнал вообичаено се употребува за да се опише квалитетот на сликата што се прикажува и претставува број на пиксели во две димензии. Всушност, поимот се користи за да се дефинира можноста за раздвојување на ситните детали на сликата, иако тој не кажува ништо за густината на пикселите на екранот каде всушност таа се формира.
Вообичаено резолуцијата се претставува како „ширина х висина“, а единиците се изразени во пиксели. На пример, 1024 × 768 значи дека ширината е 1024, а висината е 768 пиксели.
Видео технологија
[уреди | уреди извор]
За екраните на уредите како што се телефони, таблети, монитори и телевизори, употребата на терминот резолуција на екранот како што е дефиниранa погоре е погрешна, иако е честа појава. Најточно е да се каже дека резолуцијата се однесува на густината на пикселите, односно бројот на пиксели на единица растојание или површина, а не на вкупниот број на пиксели.
Кај телевизиската и видео техниката постои разлика помеѓу нормална (SD - 720 x 576px), висока дефиниција (HD – 1280 x 720px) и полна висока дефиниција (FHD - 1920 x 1080px), која беше воведена кон крајот на првата деценија од третиот милениум. За секој електронски екран (од компјутери до мобилни телефони) е поставена максимално висока резолуција што тој може да ја постигне, но е можно да се користи и пониска.[1]
Фотографска техника
[уреди | уреди извор]За дигиталните фотографии резолуцијата најчесто се изразува во милиони пиксели или мегапиксели (Mpx), на пример 7 Mpx.
Колку што е поголем бројот на пиксели, толку е подобар квалитетот на сликата, односно толку помал растер (растојание) има меѓу точките.
Кај хартиени документи, резолуцијата претставува број на точки на квадратен инч (DPI - dots per inch). Квалитетот на печатената слика не зависи само од резолуцијата на уредот, туку и од квалитетот на самата слика на компјутерот или на хартијата.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Screen resolution? Aspect ratio? What do 720p, 1080p, QHD, 4K and 8K mean?“. digitalcitizen.life. 2016-05-20. Посетено на 2017-08-28.