Резне

Од Википедија — слободната енциклопедија
Резне
Ανθούσα
Резне is located in Грција
Резне
Резне
Местоположба во областа
Резне is located in Горуша (општина)
Резне
Местоположба на Резне во општината Горуша и областа Западна Македонија
Координати: 40°15.14′N 21°12.28′E / 40.25233° СГШ; 21.20467° ИГД / 40.25233; 21.20467Координати: 40°15.14′N 21°12.28′E / 40.25233° СГШ; 21.20467° ИГД / 40.25233; 21.20467
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКожански
ОпштинаГоруша
Општ. единицаЦотил
Надм. вис.&10000000000000820000000820 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно30
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Резне или Резна (грчки: Ανθούσα, Антуса; до 1928 г. Ρέζνα, Резна[2]) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 30 жители (2011).

Географија[уреди | уреди извор]

Селото е сместено во областа Населица, во источното подножје на планината Горуша. Лежи југозападно од Лапчишта и североисточно од Жупан.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Од името на селото се гледа дека првично било македонско. Пред потурчувањето селото имало две цркви — „Св. Никола“, подоцна претворена во теќе, и „Св. Тома“ во западниот дел. Во источниот дел на селото се гробиштата, и тука е параклисот „Св. Тома“.[4]

На крајот од XIX век е забележано дека Резне било село во Населичката каза со мешана вероисповед. Храмот „Св. Тома“ е од 1841 г.[5] Според грчка статистика од 1904 г. во Резне (Ρέζνη, Резни) живееле 150 гркојазични Грци-христијани и 150 Валахади (Грци-муслимани).[6] Поради отсуството од други негрчки статистики и пристрасноста на грчките, исправноста на податокот за народноста не е утврдена со сигурност.

Во Грција[уреди | уреди извор]

По Балканските војни во 1913 г. Резне е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година во него се попишани 390 жители, а во 1920 г. имало 380.[3] Муслиманското население е иселено во Турција согласно Лозанскиот договор, а на негово место во 1920-тите се доселени грчки колонисти од Турција. Во 1928 г. селото имало 241 жител,[3] од кои 130 лица (35 семејства) биле дојденци.[7] Истата 1928 г. името на селото е сменето во Антуса, што значи „процутно“.

Во 1940 г. населението достигнало 315 жители, но потоа почнало да опаѓа и истото се намалува до денес.[3]

Во 1923 г. на местото на стариот манастир „Св. Илија“ е изграден мал храм со истото име (Αί-Λιά). Оваа црквичка е уништена во Грчката граѓанска војна и обновена во 1968 г.[8]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 315 251 210 124 103 56 54 30
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство[уреди | уреди извор]

Населението произведува жито, тутун и други земјоделски производи. Во помала мера е застапено и сточарството.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ρέζνα -- Ανθούσα
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 346.
  4. „ΑΝΘΟΥΣΑ ΒΟΪΟΥ: ΙΕΡΟΣ ΝΑΟΣ ΑΠΟΣΤΟΛΟΥ ΘΩΜΑ“. Το Βόιον. Архивирано од изворникот на 2015-01-02. Посетено на 2 јануари 2015.
  5. „ΕΚΚΛΗΣΙΕΣ – ΜΟΝΑΣΤΗΡΙΑ ΝΟΜΟΥ ΚΟΖΑΝΗΣ“. Agro-Tour.Net. Посетено на 2 јануари 2015.
  6. Σπανός, Κωνσταντίνος. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001.
  7. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 2012-06-30. Посетено на 2012-06-30.
  8. „Ιεροί Ναοί του Προφήτη Ηλία στο Βόιο“. Το Βόιον. Архивирано од изворникот на 2015-01-03. Посетено на 3 јануари 2015.