Резервен антибиотик
Под поимот резервен антибиотик (англиски: antibiotics of last resort или drugs of last resort ) се опфатени сите антибиотици чија употреба е ограничена само кога постои строга индикација за нивна примена. Насочената употреба на антибиотици може значително да ја намали фреквенцијата на отпорност на антибиотици (антибиотска резистенција). Од оваа причина, особено новоразвиените антибиотици, какошто е тигециклин или линезолид, се користат како резервни антибиотици. Една од причините за ограничувањето може да бидат и тешки несакани ефекти. На пример, ципрофлоксацин за деца е индициран само за тешки и многу тешки бактериски инфекции со инаку отпорни (резистентни) патогени.
Основни размислувања за употреба на антибиотици
[уреди | уреди извор]Идеално, претходно се култивира култура од патогенот (бактеријата), со чија помош понатаму може да се одреди чувствителноста на патогенот кон различни антибиотици со помош на т.н. антибиограм. Ако класичните, добро толерирани антибиотици се покажат како неефикасни, односно патогенот покажува отпорност кон нив, тогаш се користат таканаречени резервни антибиотици. Ако резервниот антибиотик се покаже ефикасен на овој начин (во случај кога патогенот во антибиограмот се покажал како осетлив кон резервниот антибиотик), тогаш може да се започне со терапија со резервниот антибиотик, при што се внимава на тоа, терапијата да не се прекине пред време бидејќи тоа го олеснува развојот на отпорност кон антибиотикот.
Како и сите антибиотици, резервните антибиотици имаат многу различни области на примена кај инфекции. Многу од овие лекови се ефикасни и против инфекции со Staphylococcus aureus отпорен на ванкомицин. Колку внимателно мора да се планира употребата се покажа, на пример, во искуството со употребата на линезолид, каде што имаше привремено зголемување на смртноста од тешки инфекции на кожата и меките ткива, бидејќи линезолид е ефикасен само против грам-позитивни, а не против грам-негативни патогени и затоа инфекциите третирани со овој резервен антибиотик на почетокот потполно третирани. [1] Некои антибиотици имаат значителни несакани дејства, како што е нарушувањето на бубрежната функција, и затоа смеат да се употребуваат само во итен случај. Дури и кога се третира инфекција со резервни антибиотици, терапијата на пациенти со патогени кои отпорни на многу антибиотици (т.н. мултирезистентни патогени, на пр. MRSA ) е често тешка и макотрпна.
Употребата на резервни антибиотици кстоката е спорно. Од една страна, со тоа се олеснува развојот на отпорност на антибиотици, а од друга страна, не би имало повеќе полза од заболените животни. [2] [3] [4]
Список на резервни антибиотици
[уреди | уреди извор]Во своето издание од март 2017 година на својата Модел листа на есенцијални лекови, СЗО ги класифицира антибиотиците во три категории, насочени кон третман на 21 најчести бактериски заразни болести ширум светот. Категориите се следниве: ACCESS (ПРИСТАП), чии претставници треба секогаш да бидат достапни, WATCH (ГЛЕДАЈ), чии претставници имаат зголемен ризик за развивање отпорност и треба да се применуваат како прв или вторз избор само при специфични индикации, категоријата RESERVE (РЕЗЕРВА), чии претставници треба да се користат само како последно средство кога сите алтернативи се неефикасни.
Затоа, резервната група (RESERVE) вклучува:
- Цефалоспорини од четврта генерација
- Цефалоспорини од 5-та генерација
- Оксазолидинони (линезолид)
- Полимиксини
- Монобактами (азтреонам)
- Даптомицин
- Фосфомицин
- Тигециклин
ставки
[уреди | уреди извор]- ↑ Архивирано на {{{2}}}., Mitteilung des BfArM, 16. März 2007
- ↑ Darum ist der Einsatz von Reserveantibiotika gefährlich, Video vom 30. September 2015 auf welt.de, abgerufen am 1. Dezember 2020
- ↑ Frontal21 - Streit um Reserveantibiotika vom 21. April 2020, abgerufen am 1. Dezember 2020
- ↑ Folgen der Massentierhaltung: Resistente Keime im Hühnerstall vom 14. Januar 2020 auf Deutschlandfunk, abgerufen am 1. Dezember 2020