Редкино

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Редкино (руски: Редкино) е населено место со административен статус на мало гратче (руски: посёлок городского типа) на северозапад на европскиот дел на Руската Федерација. Сместено е во југоисточниот дел на Тверската област и административно припаѓа на Конаковскиот реон.

Железничката станица Редкино

Според проценките на Националната статистичка служба, во 2014 година во градот живееле 11 507 жители.

Географија[уреди | уреди извор]

Градчето Редкино се наоѓа во југоисточниот дел на Тверската област во ниска и рамна површина на Горноволшката низина, околу 5 километри северно од Шошинскиот Залив на Ивањковско езеро на реката Волга. Гратчето се наоѓа на околу 39 километри југоисточно од обласниот центар на градот Твер, односно околу 130 километри северозападно од главниот град Москва .

Важна е железничката станица на железничката линија Москва-Санкт Петербург.

Историја[уреди | уреди извор]

Грбот на Редикино

Иако првото писмено споменување на селото Редкино датира од XVI век, населбата не се развила значително дури во 1843 година година кога низ тоа подрачје поминувала Николаевската железничката пруга, која ја поврзува Москва со Санкт Петербург. За време на 1890-ти години, во населбата почнало да се експлоатира тресет од блиското тресетиште Галицки Мох и наскоро била отворена фабрика за кокс.

Знаме на Редкино

По изградбата на Ивањковската акумулација во 1936 година, еден дел од жителите на поплавените соседни населби се преселиле во Редкино, чиј број на население со тоа се зголемил на 4 000. Населбата во 1939 година добила статус на мало граче и во тоа време била дел од Завидовскиот реон во тогашната Калининска област.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според податоците од пописот во 2010 година во гратчето живееле 11.286 жители, додека според проценките за 2014 година таму живееле 11.507 жители. Тоа е втора по големина населба во подрачјето на Конаковскиот реон, веднаш по градот Конаково.

1939 година 1959 година 1970 година 1979 година 1989 година 2002 година 2010 година 2014 година
--- 8.418 12.233 14.864 13.448 11.887 11.286 11.507*

Белешка: * според проценките на Националната статистичка служба.

Економија[уреди | уреди извор]

Индустрија[уреди | уреди извор]

Населбата е забележлива како локација на голема хемиска експериментална фабрика. Новите хемиски процеси се тестираат најпрво на мали инсталации пред да бидат префрлени во големи постројки. Постои производство на кислород (со метод на компресија на воздух), водород (со електролиза на вода), меркаптан, итн. Една инсталација е производство на авијациски бензин од тресет мов. Ова е обид да се удвојат германските експерименти на крајот од Втората светска војна. Фабриката има голем асортиман на опрема за реактори од Јапонија кои се реактори со висок притисок за различни хемиски процеси.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Користена литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]