Регулиран пазар
Регулиран пазар (РМ) или координиран пазар е идеализиран систем каде владата или други организации го надгледуваат пазарот, ги контролираат силите на понудата и побарувачката и до одреден степен ги регулираат пазарните дејства. Ова може да вклучува задачи како што се одредување кому му е дозволено да влазе на пазарот и/или кои цени може да се наплаќаат. Поголемиот дел од финансиските пазари како што се берзите се регулирани, додека пазарите преку шалтерпазарите преку шалтер обично воопшто не се или само умерено регулирани.[1]
Една од причините за регулирање може да биде важноста на регулираната дејност – што значи дека претрпената штета доколку индустријата пропадне би била толку фатална што регулаторите ( влади, законодавци ) не можат да си го дозволат ризикот. Ова вклучува полиња како што се банкарство или финансиски услуги. Второ вообичаено е некои пазати да се регулираат со тврдење дека се природни монополи или дека многу веројатно би се појавил монопол доколку нема регулација. Од клучно значење е да се спречи злоупотреба на монополската моќ, бидејќи тоа може да доведе до испорака на лоши услуги со многу високи цени. Ова ги вклучува на пример телекомуникациите, снабдувањето со вода, гас или електрична енергија. [1] Често, регулираните пазари се воспоставуваат за време на делумната приватизација на државните контролирани средства за комунални услуги.
Различни форми на прописи постојат на регилираниот пазар. Тие вклучуваат контроли, надзор, антидискриминација, заштита на животната средина, даноци и закони за работни односи.
На регулиран пазар, владината регулаторна агенција може да донесе законски регулативи кои ги привилегираат посебните интереси, познати како регулаторно преземање.
Промени во регулативата
[уреди | уреди извор]Регулативата е предмет на промени со текот на времето, како поради технолошкиот напредок, така и поради промената во односот кон регулативата воопшто. Пример за индустриите кои повеќе не се регулирани се железничките услуги или авиокомпаниите во САД. Од друга страна, има и индустрии на кои во минатото не им требало регулација, а сега имаат потреба од тоа. Ова го вклучува на пример пазарот на недвижности.
Друга категорија се пазарите кои наидоа на големи промени во регулаторните пристапи поради различни кризи. Најдобар пример се берзите по падот на берзата.[1]
Практиката на регулирање на пазарите датира со векови кога древните општества се потпирале на стандардизирани тежини и мерења и практикувале казнување за кражба и измама. Во најголем дел, пазарните регулативи се наметнати од централните влади и во помала мера од интересните групи. Еден значаен пример за такви интересни групи се средновековните еснафи. Тие биле здруженија на трговци и занаетчии кои го контролирале практикувањето на нивната професија во нивната одредена област. Еснафите ги дефинирале барањата за практикување на својата професија, што вообичаено значело дека само членовите на еснафот можат да ја практикуваат својата професија или да ја продаваат својата стока во нивниот град. Од почетокот на 20 век, работничките движења понекогаш имале регулаторни улоги на некои пазари.
Контроверзност
[уреди | уреди извор]Регулативата се смета за поларизирачко прашање. Оние кои се за регулирање на пазарот обично го гледаат тоа како корисно за поширокото општество, на пример, регулативи кои се насочени кон еколошки, расни или религиозни прашања. Оние кои се против регулативата ја гледаат како алатка за лобирање или како извор за создавање нелојална конкуренција. Некои застапници на слободниот пазар генерално гледаат на која било регулатива освен најсуштинските како скапи и неефикасни.[2]
Примери на регулаторни тела
[уреди | уреди извор]- Управата за храна и лекови (ФДА)
- Комисија за хартии од вредност (КХВ)
- Агенција за заштита на животната средина (ЕПА)
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Комисија за подобра регулатива
- Бирократија
- Кодекс на федерални регулативи
- Дерегулација
- Директива на Европската Унија
- Регулатива на Европската Унија
- Слободен пазар
- Мешана економија
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 „Regulatory (Regulated, Controlled) Market“. capital.com (англиски). Посетено на 2020-04-24.
- ↑ Kenton, Will. „What is a Regulated Market?“. Investopedia (англиски). Посетено на 2020-04-24.