Региони во Данска

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Регион во Данска)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Карта на регионите во Данска

Регионите во Данска (дан. regioner) се создадени како дел од административното преуредување на земјата во 2007 година.[1] како замена за дотогашните окрузи (amter). Воедно, бројот на општини (kommuner) бил намален од 270 на 98.

Задачи на регионите[уреди | уреди извор]

Према Законот за регионите нивните задачи се:

  • Здравствениот систем
  • Регионалниот развој (природа, екологија, економика, туризам, вработеност, образование, култура и развивање на помалку развиените и на земјоделски делови во регионите, како и административни услуги за регионален раст)
  • Загадување на почвите
  • Картографирање на суровините и планирање за нивната експлоатација
  • Специјализирани социјални институции за социјално и психички слаби жители
  • Создавање друштва за јавен транспорт (автобуси, возови и слично)

Данските региони не се финансираат од директни даноци, туку од државни субвенции (фискални трансфери).

Список на региони[уреди | уреди извор]

Лого Назив Изворно Админ. центар Најголем град Население
[2]
Површина
(км²)
Густина
(жит./км²)
Составни окрузи до 2007
40п Зеланд[бел 1] Region Sjælland Соре Роскилде 817.907 7.217,8 113,32 Роскилде, Стурстрем и Западен Зеланд
40п Јужна Данска Region Syddanmark Вајле Оденсе 1.201.342 12.191 98,02 Фунен, Рибе, Јужен Јитланд и јужната половина од Вајле
Region hovedstaden coa.jpg Престолнински[бел 2] Region Hovedstaden Хилеред Копенхаген 1.714.486 2.546,3 673,32 Копенхаген и Фредериксборг
40п Северна Данска Region Nordjylland Олборг Олборг 579.996 7.874,0 73,66 Северен Јитланд, северниот дел од Виборг и мал дел од Орхус
40п Среден Јитланд Region Midtjylland Виборг Орхус 1.266.682 13.000,2 97,44 Рингкјебинг, речиси сет Орхус, јужниот дел од Виборг и севериот дел од Вајле
National Coat of arms of Denmark.svg Данска Danmark Копенхаген Копенхаген 5.580.413 42.894,8 130,10
Белешки
  1. Поавтентично наречен „Шеланд“.
  2. Наречен и „Голем Копенхаген“.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Стапило на сила на 1 јануари 2007
  2. Податок од 1 јануари 2012 г.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]