Региони во Унгарија

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Региони на Унгарија)

Покрај на окрузи, Унгарија официјално е поделена и на региони. Унгарија е поделена на 7 региони, и тоа на географска основа. Секој од овие региони, се различни еден од друг по нивната културна и демографска историја.

Овие седум региони биле формирани во 1999 година, по законскиот акт 1999/XCII, кој ги заменил претходните од 1996 година 1996/XXI. Во секој од регионите се сместени одредени окрузи, кои се 19 на број како и главниот град Будимпешта, како посебна административна единица во склоп на округот Пешта.

Список на регионите:

Име на регионот Административен центар Површина
(км2)
Население Густина
(/км2)
Северна Унгарија Мишколц 13.428 1.289.000 96
Голема северна котлина Дебрецин 17.749 1.554.000 88
Голема јужна котлина Сегед 18.339 1.367.000 75
Централна Унгарија Будимпешта 6919 2.825.000 408
Централен прекудунавски регион Секешфехервар 11.237 1.114.000 99
Западен прекудунавски регион Ѓер 11.209 1.004.000 90
Јужен прекудунавски регион Печ 14.169 989.000 70