Реге на мраз

Од Википедија — слободната енциклопедија

Реге на мраз (Англиски: Cool Runnings, буквално преведено: Ладни Трчања но преведен во македонските кино сали и телевизии како Реге на мраз) е Американски филм од 1993 година заснован на вистинските случки на јамајската екипа за санкање во Зимските олимписки игри 1988. Режиран е од Џон Тртлтауб, улогите во филмот ги играат Леон, Даг Е. Даг, Рол Д. Луис, Малик Јоба и Џон Кенди како Ирв Блицер пензионираниот професионален санкач и тренер на екипата. Филмот беше одлично прифатен од страна на публиката и на премиерата заработи 68,856,263 $, исто така доби 74 од 100% оценување на мрежното место Rotten Tomatoes.

Приказната на филмот[уреди | уреди извор]

Кога еден јамајски спринтер е дисквалификуван од Олимпијадата, тој смислува начин да учествува во Олимпијада но по дисциплина непозната за него - санкање. Го сретнува веќе посрамотениот американски тренер Ирвинг Блицер и го убедува да го тренира него и екипата (Санка Кофи, Џуниор Бевил, Јул Бренер) за првата јамајска репрезентација во Зимските олимписки игри. Кога стигнуваат во Калгари, Канада лошо се причекани од другите натпреварувачи, нивните тренери, спортските судии и не успеваат да се сложат со нив. Послем многу тернинг и срамење пред јавноста успеваат да ја совладаат стазата и официјално да влезат во Олимпијадата. Одборот на зимските олимсипки игри решава да ги дисквалификува, но послем разогвор со тренерот Блицер ги враќаат назад во натперварите. Откако успеваат да се искачат во првите 10, на последниот натпревар нивната санка се расклопува и се крши на сред пуштање. Тие ја креваат санката и со поддршка осбавен аплаус од публиката стгинуваат до целта.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]