Ребека Вест

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ребека Вест
ДБЕ
Rebecca West.jpg
Портрет од Мадам Јевонд
Роден/аСисели Изабел Ферфилд
21 декември 1892(1892-12-21)
Кери, Ирска
Починат/а15 март 1983(1983-03-15) (воз. 90 г.)
Лондон,  Обединето Кралство
Занимањеписател
Националностбританско
ДецаЕнтони Вест

Ребека Вест (21 декември 1892 во Кери15 март 1983 во Лондон) била британски автор, новинар, литературен критичар и патописец. Како автор на книги во повеќе жанрови, таа оценувала книги за Тајмс, Сандеј Телеграф, Њу Репаблик и други. Помеѓу нејзините најголеми дела се вбројуваат „Црното јагне и сивиот сокол“ (1941) за историјата и културата на Југославија; „Воз од прав“ (1955) за Нирнбершките судења; „Значењето на предавството“; „Враќањето на војникот“, современиот роман за Првата светска војна; „Трилогијата Обри“ на автобиографски романи. Ребека Вест исто така добила и неколку почесни титули од страна на британската империја. Псевдонимот „Ребека Вест“ го позајмила од бунтовната хероина од романот „Росмерсхолм“ на Хенрик Ибзен.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Ребека Вест е родена како Сисели Изабел Ферфилд во 1892 во Кери и пораснала во дом исполнет со интелектуална стимулација, политичка дебата, книги и музика. Мајка ѝ, Изабела, била Шкотланѓанка и пианист но не се одлучила за музичка кариера по бракот со Чарлс Ферфилд. Чарлс го напуштил семејството кога Сисели имала 8 години а починал кога таа имала 14 години. Семејството на Сисели се преселило во Единбург каде таа се образува во Џорџ Вотсон колеџот за девојки, но го напуштила поради тоа што боледувала од туберкулоза. Таа имала две постари сестри - Лети и Винифред.

Вест се обучувала за актерка во Лондон кадешто го позајмила името „Ребека Вест“ од ликот бунтовната млада хероина од романот Розмерсхолм од авторот Хенрик Ибсен. Таа и нејзината сестра, Лети, се приклучиле на движењето на суфражетките и учествувале на неколку улични протести.

По пишувањето на критиката за романот „Брак“ на Х. Џ. Велс, таа му го привлекла вниманието и тие станале љубовници во 1913. Заедно имаат син, Ентони Вест, кој бил роден на 4 Август во 1914.

Се зборувало дека Ребека Вест имала и афери со Чарли Чаплин, лордот Бивербрук и новинарот Џон Гантер.

Кариера[уреди | уреди извор]

Ребека Вест ја започнала кариерата како гласноговорник за феминизам и општествени прашања, но како и критичар за Дејли Телеграф, Њу Јорк Хеарлд Трибјун, Њу Стејтсман и многу други списанија и весници. Повеќепати ги посетила Соединетите Американски Држави каде држела предавања, се запознала со уметинци и се вклучила во политичката сцена.

За време на Втората светска војна, Вест вдомила бегалци од Југославија во слободните соби од нејзината куќа.

Патувала многу и собирала материјали за книги. Од 1936 до 1938, ја посетила три пати Југославија - земја во која се вљубила. На нејзе ѝ се припишува ремек делото „Црното јагне и сивиот сокол“ која била издадена во 1941. Тоа е книга за Балканот, за Југославија и за Македонија и еден вид дневник и патопис. Ѝ било зададено да пишува за Нурембершките судења кои ги овековечила во во книгата „Воз од прав“. Во 1950, Вест била прогласена за странски почесен член на Американската академија на науки и уметнсти.

Патувала и во Мексико каде собрала материјал за следниот том од „Црното јагне и сивиот волк“ кој го нарекла „Преживеани во Мексико“, но не успеала да го доврши па бил издаден постхумно. Дури и во доцните седумдесети години, Вест ги посетила Лебанон, Венеција, Монте Карло и се вратила во САД.

Починала на 15 март во 1983 година и била погребана во Воукинг, Англија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ветото“. Македонска енциклопедија , книга I (А-Љ): стр. 271. (2009). Скопје: МАНУ.