Рајнер Шутлер

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Рајнер Шитлер)
Рајнер Шутлер

Рајнер ШутлерРајнер Шутлер


Професионална кариера:

19952012
Држава  Германија
Живеалиште Алтштетен, Швајцарија
Датум на раѓање (1976-04-25)25. април 1976.)
Место на раѓање Корбах, Германија
Висина 1,80
Маса 70
Игра Десна рака
Зарабптка 7.407.508 $
Поединечно
Победи—порази: 327 – 337
Освоени турнири: 4
Изгубени финалиња: 8
Најдобар пласман: Бр. 5 (26 април 2004)

Рајнер Шутлер (германски: Rainer Schüttler; 25 април 1976 во Корбах, Германија) е поранешен германски тенисер .

Кариера[уреди | уреди извор]

Ја започнал својата професионална кариера во 1995 година. Најголемиот успех го постигнал во 2003 година, кога стигнал до своето прво и единствено гренд слем финале во кариерата, пласирајќи се во натпреварот за титулата на Отвореното првенство на Австралија, но таму бил лесно победен од Андре Агаси со 3-0 по сетови 2–6, 2–6, 1–6.

Тој, исто така, освоил сребрен медал на Олимписките игри во 2004 година, играјќи во двојки со сонародникот Николас Кифер.

Во својата кариера Шутлер освоил четири турнири: 3 на тврда подлога и еден на тепих.

Најдобриот пласман на АТП листата го остварил во април 2004 година, кога бил петти играч.

На 11 октомври 2012, објавил дека официјално се повлекува од активното играње тенис.

Гранд слем финалиња[уреди | уреди извор]

Поединечни: 1 (0-1)[уреди | уреди извор]

Исход Година Турнир Поставата Противник во финалето Резултат
Пораз 2003 Отворено првенство на Австралија Тврда подлога САД Андре Агаси 2-6, 2-6, 1-6

АТП мастерс финалиња[уреди | уреди извор]

Поединечни: 1 (0-1)[уреди | уреди извор]

Исход Година Турнир Противник Резултатот
Пораз 2004 Монте Карло Аргентина Гилиермо Корија 2-6, 1-6, 3-6

Надворешни врски[уреди | уреди извор]