Рајкова Пештера

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Рајкова пештера)
Рајкова Пештера
Рајкова Пештера
МестоМајданпек, Србија
Длабочина2304
Надм. височина470

Рајкова Пештера е пештера во источна Србија, оддалечена 2,5 километри северно од Мајданпек. Влезот во бездната е на 469 мнв, а на изворот е на 427 м.н.в. Со должина од 2304 метри истражени ходници, од кои сув канал има 1.174 метри, а речен 1.130 метри, е една од најдолгите пештери во Србија.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Рајковата Пештера го добила името по познатиот Рајко Војвода, за кој се претпоставува дека живеел во 19 век. Според легендата, тој дење бил меанџија, ноќе ограбувал турски каравани, а богатството го криел во оваа пештера. Пештерата прв ја истражувал географот Јован Цвииќ во 1894 година, а истражувањето било продолжено дури во седумдесеттите години на 20 век, под раководство на д-р Раденко Лазаревиќ. За туристите е отворена во 1975 година. Влезниот дел на пештерата од правец на селото Рајково бил населен уште во праисторијата, за што сведочи камениот чекан кој се чува во археолошката збирка на Музејот во Мајданпек.

Идентитетот на природното добро[уреди | уреди извор]

Рајковата Пештера е една од најважните туристички пештери во Србија. Се наоѓа во источна Србија, во близина на Мајданпек. До пештерата се стигнува по асфалтен покрај брегот на Мал Пек и вештачкото езеро Велики Затон. Од главниот град Белград е оддалечен околу 200 километри. На релација Белград-Мајданпек дневно сообраќајат шест автобуски линии. Нејзината надморска височина е 470 м. Целиот простор околу извориштето на малиот Пек е богат со мешана шума од бука, јавор и даб и претставува единствено природно и спелеолошко богатство. Со новата реконструкција на Рајковата Пештерата поврзани се два хоризонта, така што на посетителите на оваа пештера им се дава можност за кружна обиколка.

Опис на природното богатство[уреди | уреди извор]

Сталактити и сталагмити во Рајковата Пештера

Рајковата Пештера била создадена со работа на понорницата на Рајкова Река. Создавањето на пештерата било повеќефазно, на што укажуваат сочуваните тераси на ѕидовите на каналот. Климатските осцилации предизвикале засипување на пештерата со речен нанос со дебелина од 1,5 метар. Во следната фаза започнало засекување на коритото, и рушењето на кората од бигор и накитот на неа. Во помладите процеси спаѓаат депонирање на црвеница и травертин. Рајковата Пештера е речна, протечна пештера;низ неа протекува истоимената река, која поаѓа од Капетанските ливади и по површинскиот ток долг 3.625 метри, понира под вертикален варовнички отсек, висок 50-100 метри, на контакт на кристални шкрилци и горнејурски варовници. Се појавува на надморска височина од 427,58 метри. Површински тече 22,5 метри и се спојува со Паскова Река. Од нив две се создава Мали Пек.

Рајковата Пештера се состоела од две посебни целини: Понорскеа и Изворска пештера, а секоја целина има по два хоризонта: речен и сув. Речниот хоризонт е едноставен пештерски канал со ниски каскади и џиновски лонци. Дното на активниот канал е покриено со песок и чакал, а каналот завршува со сифон. Во изворскиот дел исто така се издвојува сув и речен хоризонт. Во речниот постои тесен речен канал со карпеста испрекината тераса на повисоко ниво, од 6 метри р.в.. Низводно каналот се завршува со сифон. Во сувиот хоризонт се наоѓаат неколку дворани кои се украсени со исклучително убав накит, додека на дното се формирани травертински кади. Пештерата го содржи целиот систем на дворана, канали и ходници, а се одликува и со пештерски накит во форма на сталактити, сталагмити, столбови од снежно-бел кристален калцит.

Температурата на пештерата е константно 8 целзиусови степени, а влажноста на воздухот е 100%, поради што за посета на пештерата се препорачува потопла гардероба дури и во летниот период.[2]

Фосилна пештерска фауна. - Ursus spelaeus (пештерска мечка), Sus scrofa (дива свиња), Cervus elaphus (елен).

Истражување на пештерата[уреди | уреди извор]

Сталактити и сталагмити во Рајковата Пештера

Речниот хоризонт на пештерата прв го истражил Јован Цвииќ, а неговата работа ја продолжил во седумдесетите години на 20 век д-р Раденко Лазаревиќ во соработка со група на спелеолози од Ваљево. Р. Лазаревиќ, со членовите на Спелеолошката група од Ваљево и С. Дожиќ од Институтот за шумарство ја истражувале во два темини целата Рајкова Пештера. Во првата фаза бил истражен понорниот дел од пештерата, а во втората фаза изворскиот дел од пештерата.

Рајковата Пештера го добила името по хајдукот Рајко, кој се опибал и ги ограбувал патниците, а своето богатство го криел во оваа пештера. Постои верување дека ограбил големо богатство и го сокрил во оваа пештера. По богатството сè уште се трага. Пристигнувањето до пештерата е преку асфалтен пат покрај бреговите на реката Мали Пек и вештачкото езеро Велики Затон. Околината на Мали Пек е богата со мешана шума од бука, јавор и даб и претставува единствено природно и спелеолошко богатство.

Спелеоморфолошки целини на Рајковата Пештера[уреди | уреди извор]

Целини должина - метри површина - м²
Понорна пештера 857,0 4.242,0
1.1 Речен хоризонт 330,5 1.167
1.2 Сув хоризонт 526,5 3.075,0
Изворска пештера (со Јанкова пештера) 1.447,0 8.561,0
Речен хоризонт 799,5 4.562,0
Сув хоризонт 647,5 3.999,0
Вкупно: 2.304,0 12.803,0

Туризам[уреди | уреди извор]

Рајковата Пештера е богата со пештерски накит со најразлични форми, од снежно бел кристал калцит, најквалитетен во Србија. Ходниците на Рајковата Пештера се долги преку два километри и се поделени на речен и сув хоризонт. Бетонската патека води низ пространата Концертна и Ежева дворана, покрај Малите и Големи оргуљи, Обесениот Хајдук Рајко до Двораната на кади. Потоа, тука се Жртвеникот, Духовите, Двораната на водопадот, Салата Стеќак, Зимската бајка и Кристалната дворана. Одејќи по пештерската патека, посетителот има единствено доживување на жуборот на бистрата Рајкова Река, која одекнува низ пештерските простори на „Ежевата дворана“, со илјадници калцитни цевчиња на таванот. Потоа следува преминот преку црвените бигорни кади, покрај „Зимската бајка“ со „Белата мечка“ и влезот во „Кристалната шума“ во која се наоѓа „Треперливото езерце“. Некои од најпознатите фигури се „Египетската божица“, „Полжавот“, како и „Трупецот со печурки“. Со спојување на сувиот и речниот хоризонт во 2014 година била добиена кружна туристичка патека долга дури 1410 метри.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ђуровић, Предраг (1998). Спелеолошки атлас Србије. Београд: Географски факултет.
  2. „Рајкова пећина“. Српско благо. Архивирано од изворникот на 22. 9. 2017. Проверете ги датумските вредности во: |archive-date= (help)
  3. „Рајкова пећина“ (српски, енглески, и немачки). Туристичка Организација Општине Мајданпек. Посетено на 5. 6. 2018. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)

Литература[уреди | уреди извор]

  • Цвијиќ Ј., (1895): Пештери и подземна хидрографија во Источна Србија, Глас Српске краљевске академије, кн. XLVI, Белград, 1-101.
  • Милиќ Ч., (1956): Басен на Пека, Српска академија на науките, Специјални изданија, кн. CCLII, Географски институт, кн. 9, Белград.
  • Лазаревиќ Р., (1975): Рајкова пеќина, Месна заједница ''Божа Стојановиќ'', Мајданпек.
  • Лазаревиќ Р., (1982): Рајкова пеќина, Туристички спас - Мајданпек, Мајданпек.
  • Димитријевиќ В., (1997): плеистоценска фауна на цицачи на источна Србија, Центар за археолошки истражувања, Зборник на трудови од научната конференција „Археологија на Источна Србија“ Белград - Доњи Милановац, 1995 година, кн. 18, Белград, 45 - 53.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]