Рашомон (филм од 1950)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

„Рашомон“ — јапонски игран филм од 1950 година, во режија на Акира Куросава. Главните улоги во филмот ги толкуваат: Тоширо Мифуне, Мачико Кио, Масајуки Мори, и Такаши Шимура.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Дејствието на филмот се одвива во Јапонија. Еден дрвар и еден свештеник се засолнуваат од силниот дожд, а ним им се придружува и трет човек кому му раскажуваат за еден необичен настан. Познатиот разбојник Таџомару (го игра Мифуне), додека се одмара во шумата, забележува маж и жена како минуваат по шумскиот пат. На почетокот, Таџомару не им обрнува внимание, но подоцна ѝ го здогледува лицето на младата жена и, воодушевен од неа, одлучува да ја грабне. За таа цел, тој го наговара нејзиниот сопруг да појдат подалеку во шумата за да му ги покаже остатоците од некој стар град, полн со скапоцени нешта. Таму, Таџомару ненадејно го напаѓа човекот и го врзува и ја повикува жената за да ѝ покаже што направил со нејзиниот маж. Потоа, пред очите на сопругот, Таџомрау ја обљубува жената. Тогаш, жената почнува да плаче и го моли разбојникот да го ослободи нејзиниот маж со предлог двајцата да се борат, а таа да остане со победникот. Таџомару го прифаќа предлогот и во борбата го победува нејзиниот сопруг, но во меѓувреме жената успева да побегне. Ова е верзијата на настанот која ја раскажува Таџомару на судењето, но сплетките настануваат кога се појавуваат и други верзии на истиот настан, раскажани од жената, од дрварот и од духот на убиениот сопруг. На крајот од филмот, третиот човек кој ја слуша приказната, не верува во неа и го обвинува дрварот дека тој е убиецот. Тогаш, дрварот забележува напуштено бебе кое го зема со себе.

Наводи[уреди | уреди извор]