Рашомон (расказ)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Рашомон (јапонски: 羅生門) - расказ на јапонскиот писател Рјуносуке Акутагава од 1915 година.

Содржина[уреди | уреди извор]

Слугата на еден самурај, кој штотуку е отпуштен од службата, се засолнува од поројниот дожд во запуштената порта „Рашомон“ во Кјото. Притоа, тој размислува на кој начин ќе преживее: дали да се занимава со чесна работа или да стане крадец? Барајќи место за да преноќи, тој се качува во кулата и таму здогледува старица која ја кубе косата од главата на некоја мртва жена. Згрозен од глетката, тој ја напаѓа старицата, а таа се брани со ставот дека сè е дозволено во борбата да се преживее. Тогаш, тој ја ограбува старицата и ја напушта кулата со нејзиниот фустан.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Rašomon“, во: Riunosuke Akutagava, Rašomon. Beograd: Plavi krug; Zemun: Neven, 2003, стр. 113-120.