Рашид Ликароски
Изглед
| Рашид Ликароски | ||
| Роден | 1899 година Пласница, Битолски Вилает, Османлиско Царство | |
|---|---|---|
| Починал | 3 август 1943 година Порече, Царство Бугарија Стрелан од бугарските фашисти | |
Рашид Ликароски ( 1899 во Пласница — 3 август 1943 во Порече) — македонски партизан, учесник во НОВ на Македонија.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]
Бил роден во 1899 година во селото Пласница, Кичевско. По занимање бил земјоделец и активен учесник во НОБ. Во една акција, носејќи храна за партизаните, бил фатен од бугарските контрачетници на Козјак. Оттаму бил спроведен од околиското началство, во затвор во Македонски Брод. По долго измачување бил изведен надвор и убиен некаде во Порече, на патот што водел кон Кичево, на 3 август 1943 година од страна на бугарските фашисти.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 Порече низ историјата, Милан Ристески, НИО „Студентски збор“, Скопје, 1982, стр.242
| Оваа статија за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |