Перинеен набор

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Рафе (пенис))
Перинејно рафе
Перинејното рафе се протега од пенисот па сè до анусот.
Податоци
Претходникурогенитален набор
Назнаки
Латинскиraphe perinei
TAA09.5.00.002
A09.4.01.013
A09.4.03.002
FMAFMA:20244

Перинеен набор, меѓуножен набор или перинејно рафе — видлива линија или ткивен набор кај човекот. Линијата се протега во меѓуножјето или перинеумот. Линијата започнува од скротумот, продолжува преку периеумот и завршува во анусот. Рафето исто така се поврзува со линија која почнува од френулумот.

Кај мажите рафето, како што е напоменато почнува од френулумот и има видлива линија по долната страна на пенисот (пенисно рафе), се поврзува со рафето на скротумот, продолжува во перинеумот и завршува во анусот. Рафето е резултат на фетусниот развоен феномен каде скротумот (развојниот еквивалент на усната кај вагината) и пенисот се спојуваат на средина.

Дополнителни фотографии[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]