Прејди на содржината

Рафаело (слатки)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Рафаело

Рафаело — кондиторски прозвод појавен на пазарот во 1990 година, од италијанскиот производител Фереро. Производот е во форма на топка од кокос и бадем.[1] Во својот состав содржи: сферична обланда која е исполнета со бел млечен крем и бели бланширани бадеми, опкружени со слој од кокос. Продуктот содржи големо количество на лактоза, што го прави Рафаело некомпатибилен за потрошувачите со нетолеранција на лактоза.

Фабриките на Фереро кои го произведуваат Рафаело се: Владимир, Русија,[2] Брантфорд, Канада,[3] и Арлон, Белгија.[4] Најголемиот пазар на слатките призводи на Фереро и Рафаело е Русија.[5]

Во 2008 година, белгиската компанија Соремартек (дел од групацијата Фереро) започнала правна постапка против Ландрин, украинска компанија која почнала со произведување на слатки во 2007 година слични на Рафаело, наречено Варферато. Соремартек поднеле тужба против Ландрин дека го прекршиле заштитниот знак на Соремартек за заштита на изгледот на нивните слатки, Рафаело. По долга судска борба, судот на Украина пресудил во корист на Ландрин.[6][7]

Во 2017 година, судот во Франкфурт на Мајна, Германија, пресудил Фереро да го наведе бројот на слатки во секое продадено пакетче Рафело, наместо само да ја наведе тежината.[8]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Degun, Gurjit (January 16, 2015). „Karmarama captures £2m Raffaello ad account“. The Observatory International (англиски). Архивирано од изворникот на January 7, 2020. Посетено на January 7, 2020.
  2. „Ferrero prepares for major multi-million expansion in Russian markets“. Confectionery Production (англиски). Посетено на January 7, 2020.
  3. Nieburg, Oliver (August 31, 2016). „Ferrero Canada plans three new products at Brantford site“. confectionerynews.com. Архивирано од изворникот на January 7, 2020. Посетено на January 7, 2020.
  4. Abdulla, Hannah (January 28, 2016). „Ferrero to invest EUR21m in Belgium plant“. www.just-food.com. Архивирано од изворникот на 2020-01-07. Посетено на January 7, 2020.
  5. Smirnova, Lena (May 28, 2013). „Candy Maker Ferrero Expects Russia to Become No. 1 Market“. The Moscow Times. Архивирано од изворникот на January 7, 2020. Посетено на January 7, 2020.
  6. „Ferrero Loses Raffaello Trademark Protection in Ukraine | PETOŠEVIĆ“. www.petosevic.com. February 23, 2011. Архивирано од изворникот на January 7, 2020. Посетено на January 7, 2020.
  7. Byrne, Jane (January 20, 2011). „Ferrero loses out in Ukraine trademark dispute“. confectionerynews.com. Архивирано од изворникот на January 7, 2020. Посетено на January 7, 2020.
  8. Justin Haggler (November 2, 2017). „Ferrero Raffaello ordered to count chocolates in each box rather than give total weight“. The Daily Telegraph. Посетено на January 1, 2020.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]