Раул Меирелеш

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Раул Меирелеш
Shaktar - Fenerbahçe 05 August 2015 CL Q3 5.jpg
Меирелеш во дресот на Фенербахче во 2015
Лични податоци
Полно име Раул Хосе Триндаде Меирелеш
Роден на 17 март 1983 (1983-03-17) (воз. 34 г.)
Роден во Порто, Португалија
Висина 1.80м
Позиција средишен играч
Клупски податоци
Сегашен клуб Фенербахче
Број 16
Младинска кариера
1999–2001 Боависта
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2001–2004 Боависта 29 (0)
2001–2003 Авес (позајмица) 42 (1)
2004–2010 Порто 138 (15)
2010–2011 Ливерпул 35 (5)
2011–2012 Челзи 34 (2)
2012-2016 Фенербахче 76 (6)
Репрезентација
2003–2005 Португалија У21 26 (2)
2004– Португалија 73 (10)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 17 мај 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 18:42, 27 јуни 2012 (UTC)

Раул Хосе Триндаде Меирелеш (роден 17 март 1983 г.) е португалски фудбалер кој моментално игра за Фенербахче како средишен играч во Супер лигата.

Раул Меирелеш својата кариера ја започнал во Боависта, но бил позајмен на Депортиво Авес во втората португалска лига, каде што го направил своето професионално деби. По две години поминати на позајмица, Меирелеш се вратил во Боависта каде што го направил своето деби во Португалската Примеира.

Поради добрите игри во дресот на Боависта, тој потпишал договор со португалскиот гигант Порто со кој ја освоил Португалската Примеира три пати по ред, а на тоа додал и два Португалски Купа, и три Португалски Суперкупови.

Во 2010 тој се преселил во Ливерпул каде бил избран од навивачите за играч на годината. Во август 2011, Меирелеш потпишал за Челзи. Од кога потпишал со Челзи, тој славел по повод освојувањето на Лигата на Шампионите и ФА Купот. После освојувањето на Лигата на Шампионите со Челзи тој се се пресли во турскиот Фенербахче, каде што остана до 2016 година.

На меѓународно ниво, Меирелеш за прв пат бил повикан за репрезентацијата на Португалија во 2006 година. Потоа со репрезентацијата тој играл на Европското првенство 2008, Светското првенство 2010 и на Европското првенство 2012.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]