Ратко Славковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Ратко Тренчев Славковски (1 август 1922 во Шопско Рударе, Кратовско21 април 1945 во Врпоље, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Израснал во сиромашно земјоделско семејство и се занимавал со земјоделство, а повремено како аргат работел на туѓи имоти. За време на окупацијата станал симпатизер на НОВ, вршел агитација и активно го помагал движењето. Земал учество при палењето на општината и архивата во селото Шопско Рударе од страна на единиците на НОВ. На 9 септември 1944 година со група младинци од селото пристапил во народноослободителната војска во состав на Треттата македонска ударна бригада. Бил учесник во повеќе борби за ослободување на Македонија. Една од најтешките борби му била на реката Треска. Земал учество во борбите на Сремскиот фронт. Крај Врпоље извршувајќи воена задача, на 21 април 1945 година, бил смртно погоден од топовска граната.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Нивната борба за слобода, наш патоказ за иднината. Кратово: Општински одбор на СЗБ НОВ Кратово. 1985. стр. 54–55.