Ратко Левајковски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ратко Крстов Левајковски ( 1926 во Мирковци, Скопско16 декември 1944 во Скопско) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство. На 10 октомври 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада, со која учествувал во борбите против балистите на падините на Скопска Црна Гора, како и во акциите против Германците во Качаничка Клисура. Во тој период се разболел од тифус. Бил префрлен на лечење во болницата на Корпусот. Меѓутоа, тешката болест го совладала. Починал на 16 декември 1944 година. Неговите посмртни останки биле погребани на селските гробишта во Мирковци.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 84. На |first= му недостасува |last= (help)