Ратка Бакалиноска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ратка Бакалиноска
Роден 1926
Битола, СХС
Починал 26 јануари 2022(2022-01-26) (возр. 95–96)
Скопје, Македонија

Ратка Бакалиноска ( 1926, Битола 26 јануари 2022, Скопје) — првоборец и носител на Партизанска споменица 1941, одликувана со повеќе ордени и признанија на републичко и сојузно ниво.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Роденa е во Битола каде го завршува основното образование, а пред завршување на гимназија им се приклучила на партизаните во борбата со фашистичкиот окупатор. По ослободувањето, завршила гимназија и дипломирала на Филолошкиот факултет во класата на проф. д-р Блаже Конески.

Во текот на работниот век извршувала голем број општествени функции на републичко и сојузно ниво, меѓу кои помошник-министер за информации, советник на министерот за информации на СРМ, член на Републички комитет за меѓународни односи, член на Советот на Радио Скопје и на други комитети на републичко и сојузно ниво. Посмртните останки ќе бидат погребани во Алејата на великаните на Градските гробишта Бутел. [1]

Во декември 2020, поттикната од тогашното вето на Бугарија за влез на Македонија во ЕУ, при што, меѓу другото, Бугарија го оспорува ословувањето на нејзината власт во Македонија од 1941-44 како окупаторска и фашистичка, Бакалиноска ја раскажала својата лична приказна за животот под бугарска окупација.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Почина партизанката од Битола Ратка Бакалиноска“. Слободен печат. 26 јануари 2022. Посетено на 29 јануари 2022.
  2. „ПОЧИНА РАТКА БАКАЛИНОСКА, КОЈА БУГАРСКАТА ФАШИСТИЧКА ВЛАСТ ЈА ИЗМАЧУВАЛА КАКО 16-ГОДИШНА ПАРТИЗАНКА“. СДК. 26 јануари 2022. Посетено на 29 јануари 2022.