Распространување на податоци

Од Википедија — слободната енциклопедија

Распространување на податоци — дистрибуција или пренесување на статистички или други податоци до крајните корисници.[1][2] Постојат многу начини на кои организациите можат да објавуваат податоци во јавноста, односно електронски формат, ЦД-РОМ и хартиени публикации, како што се PDF-податотеки засновани на збирни податоци. Најпопуларниот метод за распространување денес е „некомерцијалниот“ отворен систем што користи семрежни протоколи. „Тие се користат во распространување на податоци преку разни комуникациски инфраструктури низ кој било сет на меѓусебно поврзани мрежи.” Податоците се достапни во вообичаени отворени формати.

Некои организации избираат да распространуваат податоци користејќи „комерцијални“ бази на податоци со цел да го заштитат нивниот суверенитет и авторско право на податоците. За распространување на комерцијален податок потребен е специфичен софтвер со цел крајните корисници да ги прегледуваат податоците. Податоците нема да се отворат во заеднички отворени формати. Податоците најпрво се претвораат во комерцијален формат на податоци, а специјално дизајнираниот софтвер е обезбеден од организацијата на корисниците.

Формати и стандарди за распространување[уреди | уреди извор]

Според Специјалниот стандард за распространување на податоците, форматите се поделени во две категории: „печатена копија“ и „електронска“ публикација

Неколку примери на публикации во печатена копија:

  • годишник
  • панорама на општините
  • месечен преглед
  • трендови

Неколку примери на публикации во електронска копија:

  • CD-ROM
  • Мрежно место
  • PDF
  • Бази на податоци за преземање за приватна употреба во софтверски апликации од трети страни

Стандарди[уреди | уреди извор]

Развиени се стандарди со цел да се обезбеди меѓународно прифатена статистичка методологија за распространување на статистички податоци. „Меѓународната организација за стандардизација“ (ISO) е едно такво меѓународно тело за утврдување на стандарди, составено од претставници на разни национални организации за стандардизација. Тие го создале стандардот SDMX широко користен низ целиот свет. SDMX се залага за „Размена на статистички податоци и метаподатоци“. Најчесто се користи во национални и меѓународни статистички и економски системи за споделување на податоци . Овој стандард е за размена на основни социјални и економски статистики, на пример, помеѓу европските национални агенции и Евростат и Европската централна банка . SDMX се користи за ширење на повеќедимензионални агрегирани податоци .

Иницијативата за документација на податоците (ДДИ) е создадена од Алијансата ДДИ. ДДИ е отворена спецификација за метаподатоци и го опфаќа целиот животен циклус на податоци од планирање до распространување и архивирање на податоците. Најпопуларно се користи за микро податоци за социјална статистика, но не е ограничена на оваа предметна област. Постојат неколку примери на семрежјето каде овие два стандарди се користат во форма на комерцијален податок. Следните портали им овозможуваат на корисниците пристап до статистичките податоци достапни онлајн од водечките статистички агенции:

Неколку примери за распространување на сопственички податоци на семрежјето[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. http://stats.oecd.org/glossary/detail.asp?ID=3004
  2. http://www.learn.geekinterview.com/data-warehouse/dw-basics/what-is-data-dissemination.html