Прејди на содржината

Расплакани девојки

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Расплакани девојки“ (англиски: Girls in tears) — роман на британската писателка Џеклин Вилсон (Jacqueline Wilson). Книгата е четвртото продолжение на серијалот „Девојки“, а првобитно била објавена во 2002 година, додека во 2009 година се појавило изданието на македонски јазик од издавачката куќа Икона, во превод на Елена Кузмановска. Македонското издание е каталогизирано во НУБ „Св. Климент Охридски, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-9989-168-86-4.[1]

Содржина

[уреди | уреди извор]

Книгата се состои од 17 глави:[2]

  1. Девојките плачат кога се среќни
  2. Девојките плачат кога нивните другарки кажуваат злобни нешта
  3. Девојките плачат кога ќе им умрат миленичињата
  4. Девојките плачат кога не им се допаѓа како изгледаат
  5. Девојките плачат кога другите ги копираат нивните идеи
  6. Девојките плачат кога ситуацијата дома не е како што треба
  7. Девојките плачат кога нивните другарки имаат тајни
  8. Девојките плачат кога нивните другарки ќе им речат дека се дебели
  9. Девојките плачат кога се караат со другарките
  10. Девојките плачат кога нивните момчиња немаат разбирање
  11. Девојките плачат кога ќе им се остварат соништата
  12. Девојките плачат кога момчињата ќе ги изневерат
  13. Девојките плачат кога срцата им се кршат, кршат, кршат
  14. Девојките плачат кога се осамени
  15. Девојките плачат кога ќе се разбудат и ќе се присетат
  16. Девојките плачат кога им е жал
  17. Девојките плачат кога сè среќно ќе заврши

Љубовната врска на Ели со Расел е нарушена. Магда го губи своето милениче и поради тоа е многу вознемирена. Нејдин запознава некого на интернет и се воодушевува од него, а Ели И Магда ѝ приговараат поради тоа.[3]

  1. Џеклин Вилсон, Расплакани девојки. Икона, Скопје, 2009.
  2. Џеклин Вилсон, Расплакани девојки. Икона, Скопје, 2009.
  3. Џеклин Вилсон, Расплакани девојки. Икона, Скопје, 2009.