Расински Округ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Расински Округ
Расински управни округ
Rasinski upravni okrug
Округ во Србија
Kruševac, náměstí III.jpgKruševac, náměstí.jpg
Krusevac-lazarica.JPGWinter 2012. - panoramio (5).jpgKrusevacki Grad Donzon1.jpg
Manastir Ljubostinja 02.jpgZgrada okružnog načelstva u Kruševcu 14.JPGTvrdjava Stalac2.jpgKoznik 05.JPG
Manastir Lepenac.jpgKrusevac panorama1.jpgPogled sa Pančićevog Vrha - panoramio.jpg
Etno restoran Salus - panoramio (6).jpgDolina - panoramio.jpgRibarska Banja - Tursko kupatilo.JPG
Popina1.jpgХотел Рубин Крушевац.jpg
Слики од Расинскиот Округ
Местоположба на Расинскиот Округ во Србија
Местоположба на Расинскиот Округ во Србија
Држава Србија
РегионШумадија и Западна Србија
Седиште на округотКрушевац
Управа
 • Градоначалник на округотБранислав Весиќ
Површина
 • Вкупно2,667 км2 (1,030 ми2)
Население (попис во 2011)
 • Вкупно241,999
 • Густина90,7/км2 (2,350/ми2)
ISO 3166RS-19
Општини5 и 1 град
Населби296
- Градови5
- Села291
Мреж. местоrasinskiokrug.org.rs
Расински Округ

Расински Округ — округ кој се наоѓа во јужниот дел на Република Србија. Има вкупно население од 240.463 жители (Попис 2011 г.). Седиштето на округот е во градот Крушевац.

Во Крушевац и околината има неколку културно-историски споменици: Лазарев Град, со остатоци од средновековна тврдина и црквата Лазарица, е епска градба во српската традиција. Црквата Лазарица посветена на Св. Стефан е прототип на Моравското училиште, а изградена е во 1376 година. по повод раѓањето на Лазаровиот син Стефан.

Кула Донжон, воено утврдување на средновековен град, сведоштво е за големото културно и историско наследство на српскиот народ.

Манастирот Љубостиња го основала принцезата Милица, сопругата на Лазар, на крајот на 14 и почетокот на 15 век, по битката за Косово, кога таа решила да се повлече како владетел и да ги собере вдовиците на српските владетели убиени на Косово. Љубостиња од првиот ден имала културна улога. Тука биле донесени истакнати летописци, препишувачи, мајстори за украсни книги и сликари.

Административна поделба[уреди | уреди извор]

Расинккиот Округ опфаќа еден град и пет општини.

Име Грб Население (2011)
Град Крушевац Grb ks.jpg 131.368
Општина Александровац COA Aleksandrovac.png 26.522
Општина Брус Logo brus.jpg 16.317
Општина Варварин Varvarin-grb.png 17.966
Општина Трстеник COA Trstenik.gif 42.966
Општина Ќиќевац Grbcicevac.jpg 9.476

Демографија[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±% год.
1948225.212—    
1953240.876+1.35%
1961251.575+0.54%
1971265.521+0.54%
1981281.455+0.58%
1991283.108+0.06%
2002259.441−0.79%
2011241.999−0.77%
Извор: [1]

Според официјалниот попис од 2011 година, Расинскиот Округ имал 241.999 жители. 53,8% од населението живееле во урбани подрачја. Етнички состав на округо:

Етничка група Жители %
Срби 232.552 96,10%
Роми 3.265 1,35%
Црногорци 444 0,18%
Македонци 301 0,12%
Хрвати 175 0,07%
Југословени 128 0,05%
Власи 122 0,05%
Други 5.012 2,07%
Вкупно 241.999

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „2011 Census of Population, Households and Dwellings in the Republic of Serbia“ (PDF). stat.gov.rs. Statistical Office of the Republic of Serbia. Посетено на 11 January 2017.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]