Прејди на содржината

Расел Латапи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Расел Латапи
Лични податоци
Роден на 2 август 1968(1968-08-02)(57 г.)
Роден во Порт оф Спејн, Тринидад и Тобаго
Држава Тринидад и Тобаго Тринидад и Тобаго
Висина &100000000000001810000001,81 м
Играчки податоци
Позиција среден ред
Сегашен клуб Тринидад и Тобаго Тринидад и Тобаго (асистент)
Повлекување 2012 (43 г.)
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1987-1988 Тринток ? (?)
1989-1990 Порт Морант Јун. ? (?)
1990-1994 Акадеимика Академика 127 (32)
1994-1996 Порто Порто 40 (6)
1996-1998 Боавишта Боавишта 40 (1)
1998-2001 Хиберниан Хиберниан 84 (22)
2001-2003 Ренџерс Ренџерс 23 (5)
2003 Данди Јунајтед Данди Јунајтед 7 (0)
2003-2009 Фолкерк Фолкерк 166 (24)
2009 Морв. Каледонија 6 (2)
Репрезентација
1988-2009 Тринидад и Тобаго Тринидад и Тобаго 81 (29)

Расел Најџел Латапи (роден 2 август 1968 година, во Порт оф Спејн) — тринидадски фудбалски тренер и поранешен фудбалер, играч од средниот ред.

Биографија

[уреди | уреди извор]

Роден во Порт оф Спејн, Латапи за првпат бил забележан како игра фудбал на ниво под 10 години. Како млад, тој играл во фудбалската лига на средните училишта во Тринидад и Тобаго, и бил повикан во репрезентациите под 16 години и под 19 години.

Кога имал 19 години, Латапи имал можност да присуствува на Меѓународниот универзитет во Флорида, но тој избрал да продолжи со својата фудбалска кариера. Оваа одлука била поддржана од неговата мајка и покрај фактот дека во 1980-тите многу малку тринидадци имале забележителни кариери во спортот што би им овозможило да заработат за пристојно живеење.[1]

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Во 1990 година, на возраст од 22 години, откако претходно играл за клубови во својата татковина и во Јамајка, Латапи се преселил во Португалија каде потпишал за Академика Коимбра, играјќи четири години во втората лига на земјата. За Академика одиграл речиси 150 натпревари и постигнал осумнаесет голови во последните две сезони, но клубот не успеал да избори промоција. Тој, исто така, го издвоил тренерот Витор Мануел како еден од тренерите кои најмногу ги обожавал.[1]

Неговите настапи за Академика биле забележани од еден од најголемите португалски клубови, Порто, кој го потпишале Латапи во 1994 година. Под водството на Боби Робсон, тој му помогнал на клубот да освои две првенствени титули едноподруго, користен редовно во неговата втора година (26 натпревари и 5 гола). Исто така, тој станал првиот играч од Тринидад и Тобаго што играл во Лигата на шампионите, правејќи го своето деби во натпреварот Нант-Порто 0-0 на 13 септември 1995.[2]

Во летото 1996 година, Латапи потпиша за градскиот ривал на Порто, Боавишта. На 29 октомври 1996, тој постигнал два гола во победата со 5–0 над Динамо Тбилиси ​​во Купот на УЕФА, и бил дел од тимот кој на крајот триумфирал во Купот на Португалија, иако во финалето против Бенфика (3–2) тој останал неискористена замена.

По две години во Боавишта, Латапи ја напуштил Португалија засекогаш и се преселил во Шкотска, каде речиси го минал остатокот од целата своја кариера. Првиот клуб таму му бил Хибернијан предводен од менаџерот Алекс МекЛиш. Веќе во својата прва сезона му помогнал на клубот да избори промоција во Премиер лигата на Шкотска, добивајќи ја наградата за Играч на годината во Шкотската Прва дивизија. Тој продолжил со блескавите игри и во елитната дивизија на Шкотска, забележувајќи импресивна статистика и претставувајќи се како еден од најдобрите играчи на Хибернијан за време на својот престој таму, се до еден инцидент кој ќе го заврши неговото искуство во клубот: една ноќ дружејќи се со својот сонародник и фудбалер на Манчестер Јунајтед, Двајт Јорк, Латапи завршил обвинет од полицијата за возење во пијана состојба. Инцидентот претставувал прекршување на кодексот на однесување за играчите на Хибернијан, на кои им било забрането да пијат 48 часа пред натпреварот, по што тој бил отпуштен од клубот на почетокот на 2001 година.[3][4]

Откако бил отпуштен од Хибернијан, Латапи потпишал за Ренџерс, воден од Дик Адвокат. Тој не успеал да ја репродуцира својата најдобра форма на Ајброкс, дури и кога Меклиш го заменил холанѓанецот на кормилото на клубот - новиот менаџер изразил желба да тестира помлади играчи, а Латапи бил на 34; покрај возраста, неговите тенденции за забави, исто така, не му направил услуга да се наметне кај тренерот, за на крајот тој да си замине во јануари 2003 година.[4][5]

Сезоната 2002-2003, Латапи ја заврил во дресот на Данди Јунајтед,[6] додека во летото 2003 година, потпишал за екипата на Фолкерк.[7] Таму поминал шест години, успевајќи да одржува добра форма и да биде повикуван редовно во репрезентацијата. Откако во 2009 година го напуштил Фолкерк, тој имал неколку престои во малку познати клубови пред официјално да ја заврши својата кариера во 2012 година, на 43-годишна возраст.

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

Латапи дебитирал за репрезентацијата на Тринидад и Тобаго на 29 ноември 1987, во победата со 4-0 над Барбадос во квалификациски натпревар за Карипското првенство 1988 во Фонтабел.[8] Речиси една година подоцна, го имал својот втор настап во квалификацискиот натпревар за Светското првенство 1990 на домашен терен против Хондурас (0-0). Тој бил дел од екипата наречена „Strike Squad“, на која ѝ требало само еден бод во последниот натпревар за да се квалификува за „Мундијалот“ во Италија, меѓутоа поразот со на 1–0 домашен терен од репрезентацијата на САД го спречил тој успех на тринидадците.[9]

Во текот на 1990-тите години, тој бил дел од репрезентацијата која го освоила Карипскиот куп во 1992 и 1996. Настапил и на два КОНКАКАФ Голд купа во 1996 и 2000, на вториот Тринидад и Тобаго стигнале до полуфиналето.

Во 2005 година, по четири години без ниту еден настап, Латапи се вратил во репрезентацијата по интервенција на неговиот пријател Двајт Јорк - кој го сторил истото претходната година - и потпретседателот на ФИФА, Џек Ворнер.[10] Неговиот прв натпревар по враќањето бил победата со 3–2 дома над Гватемала, во кој постигнал гол, а учествувал во уште пет натпревари од квалификациите за Светското првенство 2006, вклучувајќи ги и двата натпревари во одлучувачкиот интерконтинентален плејоф против Бахреин, преку кој репрезентацијата од Карибите се квалификувала за првпат во својата историја за Светското првенство во фудбал.

На Светското првенство во Германија, Латапи одиграл 25 минути во поразот со 2–0 од Парагвај во групната фаза, по која фудбалерите од Тринидад и Тобаго биле елиминирани.[11] Враќањето на репрезентацијата било херојски пречекано на аеродромот Пјарко во Тринидад и, како признание за достигнувањата на играчите, на секој член од тимот му бил доделена втората највисока награда на Тринидад и Тобаго, Чаконија медал, и 1.000.000 TT$.[12]

Хронологија на репрезентативните настапи

[уреди | уреди извор]
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Тринидад и Тобаго
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
29-11-1988ФонтабелБарбадос Барбадос0 – 4Тринидад и Тобаго Тринидад и ТобагоКвал. за Карипско првенство 1988-
30-10-1988Порт оф СпејнТринидад и Тобаго Тринидад и Тобаго0 – 0Хондурас ХондурасКвал. за СП 1990-
13-11-1988Сан Педро СулаХондурас Хондурас1 – 1Тринидад и Тобаго Тринидад и ТобагоКвал. за СП 1990-
13-5-1989ТорансСАД САД1 – 1Тринидад и Тобаго Тринидад и ТобагоКвал. за СП 1990-
22-3-1989АримаТринидад и Тобаго Тринидад и Тобаго1 – 1Парагвај ПарагвајПријателска-
16-4-1989Порт оф СпејнТринидад и Тобаго Тринидад и Тобаго0 – 0Бермуда БермудаПријателска-
18-4-1989АримаТринидад и Тобаго Тринидад и Тобаго0 – 1Бермуда БермудаПријателска-
28-5-1989Порт оф СпејнТринидад и Тобаго Тринидад и Тобаго1 – 1Костарика КостарикаКвал. за СП 1990-
16-6-1989Порт оф СпејнТринидад и Тобаго Тринидад и Тобаго2 – 1Перу ПеруПријателска-
30-7-1989Порт оф СпејнТринидад и Тобаго Тринидад и Тобаго2 – 0Ел Салвадор Ел СалвадорКвал. за СП 1990-
Вкупно Настапи 81 Голови 29
1994-1995, 1995-1996
1994

Боавишта

[уреди | уреди извор]
1996-1997
1997

Хибернијан

[уреди | уреди извор]
1998-1999
2001-2002
2004-2005
2004-2005

Репрезентативни

[уреди | уреди извор]
Тринидад и Тобаго
1992, 1996
  1. 1 2 „Latapy – the man, his moments, his dreams“. Trinidad Guardian. 12 October 2005. Архивирано од изворникот на 2019-06-20. Посетено на 18 December 2017.
  2. Russell Latapy; FIFA.com Архивирано на 17 јуни 2006.
  3. „Latapy axed by Hibs“. BBC Sport. 22 May 2001. Посетено на 18 December 2017.
  4. 1 2 Katrina Tweedie (7 May 2003). „The Russell Latapy story – Part III: The 'lime' that soured Latapy's career“. Trinidad Guardian. Архивирано од изворникот на 2017-12-18. Посетено на 18 December 2017.
  5. „Gers to pay off Latapy“. BBC Sport. 14 January 2003. Посетено на 18 December 2017.
  6. „Latapy joins United“. BBC Sport. 21 February 2003. Посетено на 29 January 2024.
  7. „Falkirk snap up Latapy“. BBC Sport. 14 June 2003. Посетено на 18 December 2017.
  8. „Russell Latapy – Goals in International Matches“. RSSSF. Посетено на 18 December 2017.
  9. „The story of our 2006 World Cup success“. Soca Warriors. 25 November 2005. Посетено на 18 December 2017.
  10. „Latapy's back“. Trinidad Guardian. 23 August 2005. Архивирано од изворникот на 26 September 2007. Посетено на 4 September 2006.
  11. „Exit, center stage“. Planet World Cup. Посетено на 18 December 2017.
  12. „Prime Minister Manning clarifies rewards to Soca Warriors“. Office of the Prime Minister: Republic of Trinidad and Tobago. 26 June 2006. Архивирано од изворникот на 7 June 2007. Посетено на 4 September 2006.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]