Рапска торта

Од Википедија — слободната енциклопедија

Рапска торта или торта од Раб е традиционална хрватска торта која потекнува од островот Раб. Главните состојки на тортата се бадемите и задарскиот ликер од вишни - мараскино. Тортата се обликува во карактеристична спирална форма. Подготвувањето на оваа торта трае три дена.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Изворниот рецепт потекнува од 12 век. Спрема легендата тортата била за првпат послужена 1177 година, на папата Александар III, кога го посетил Раб за да ја благослови тамошната катедрала Вознесение на Маријана.[2]

Оригиналниот рецепт го сочувале калуѓерките на манастирот Свети Антун Падовански и бенедиктански сестри од манастирот Свети Андреа, а подоцна легендата за тортата се проширила по целото Средоземје. И до ден денес оваа торта се прави и послужува во Венеција каде овој рецепт е донесен пред три века. И таму, како и на Раб, оваа торта се прави за најголемите празници.

Во минатото тортата се правела само кај најбогатите семејства затоа што била исклучително скапа, бидејќи во нејзината изработка се трошат околу еден килограм исчистени бадеми.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Tanja Božić, Petra Balija. Rapska torta vrijedi tri dana truda Večernji list, 2. svibnja 2014. (pristupljeno 6. travnja 2018.)
  2. Rapska torta - najoriginalniji suvenir otoka Архивирано на 4 септември 2019 г. HIC - hrvatski proizvodi (pristupljeno 6. travnja 2018.)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • Рецепт на мрежното место Made in Croatia