Прејди на содржината

Ран снег во Минхен

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Ран снег во Минхен“ (српскохрватски: Rani snijeg u Minhenu) — филм од 1984 година, режиран од Богдан Жижиќ. Главните улоги ги играат: Драго Гргечиќ, Павле Вуисиќ и Ива Марјановиќ.[1].

Синопсис[уреди | уреди извор]

Пред 16 години, едно двадесетогодишно момче (го игра Гргечиќ) дошло во Минхен заедно со родителите и во меѓувреме навикнал на луѓето и на местото. Меѓутоа, неговиот татко (го игра Вуисиќ) е приврзан кон татковината и во своето родно место гради куќа и автомеханичарска работилница за синот. Момчето има поинакви планови и не сака да ја напушти Германија. Како што се ближи денот на враќањето во татковината, меѓу момчето и таткото доаѓа до голема кавга. Момчето сака да се ожени со својата девојка, која е Германка. Бидејќи таткото не присуствува на венчавката, момчето оди да го побара и го наоѓа мртов во станот каде што извршил самоубиство.

Наводи[уреди | уреди извор]