Раното созревање на Марко Ковач
Изглед
„Раното созревање на Марко Ковач“ (српскохрватски: Rano sazrijevanje Marka Kovača) — југословенски филм од 1981 година, во режија на Бранко Шмит (Branko Schmidt). Улогите ги играат: Мира Фурлан, Златко Витез и Иван-Горан Витез. Снимател е Шиме Стрикоман, монтажата е дело на Дубравка Премар, а музиката ја компонирал Арсен Дедиќ. Ова е првиот филм на Шмит, снимен во соработка на Телевизија Загреб и загрепската Академија за театар, филм и телевизија.[1]
Синопсис
[уреди | уреди извор]Филмот го прикажува распадот на идиличниот живот на едно семејство поради ненадејната болест на мајката, а сето тоа гледано низ очите на шестгодишното дете.