Ранко Мунитиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ranko Munitic (1943-2009), circa 1980.jpg
Роден 3 април 1943
Загреб, Хрватска
Починал 28 март 2009
Белград
Националност Југословен
Занимање теоретичар на филмот и стрипот, критичар, сценарист и режисер
Сопружник Зорица Јевремовиќ

Ранко Мунитиќ (српски: Ранко Мунитић; Загреб, 3 април 1943. — Белград, 28 март 2009) бил југословенски теоретичар на филмот и стрипот, филмски критичар, сценарист и режисер.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Мунитиќ своето рано детство го поминал во Трогир (до шестата година), од каде бил неговиот татко, а потоа се преселил во Загреб, каде неговата мајка била на школување. Во Загреб студирал историја на уметноста на загрепскиот Филозофски факултет. Уште во текот на студирањето започнал да се занимава со критика, пишувајќи го првиот професионален текст во 1962. Првото филмско сценарио го напишал за краткиот филм – „Патувачко кино“ (1964) што и го режирал. Бил помошник на режија на Ватрослав Мимица за филмот „Прометеј од заливот Вишевице“ (1964), и по првите режисерски искуства, повеќе не се занимавал со режија, туку исклучиво со критика и со пишување на филмски сценарија. Напишал бројни сценарија за цртаните филмови на Загреб филм (Рампа, Малата Сирена, Време на вампирите, Пајак...) и сценариото за долгометражниот игран филм на Дејан Шорак „Офицер со ружа“ (1987).

Мунитиќ во 1971 се преселил во Белград, каде продолжил да објавува филмска критика и студии за филмот, објавувајќи опширна ретроспектива на загрепската школа на цртаниот филм „Загрепскиот круг на цртаниот филм I–IV“ (1978 - 1986) и на белградската школа на документарниот филм „Белградска школа на документарен филм“ (1967). Автор е на бројни портрети на филмски актери; Павле Вуисиќ, Данило Бата Стојковиќ, Бора Тодоровиќ, Александар Берчек, Душица Жегарац, и на монографиите за Миодраг Петровиќ Чкаља и Љуба Тадиќ. Мунитиќ се занимавал и со стрипот. Во 1974 ја објавил студијата „Стрип – деветтата уметност“.

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Београдска школа документарног филма /Белградска школа на документарен филм/ (1967)
  • Jean Vigo /Жан Виго/ (1970)
  • Фантастика на екрану I-II /Фантастиката на екранот I-II/ (1971-1973)
  • О анимацији /За анимацијата/ (1973)
  • Стрип - девета уметност? /Стрип – деветтата уметност/ (1974)
  • О документарном филму /За документарниот филм/ (1975)
  • Dežela animiranih čudes /Царството на анимираните чуда/ (1976)
  • Те слатке филмске лаже /Тие слатки филмски лаги/ (1977)
  • Југославенски филмски случај /Југословенскиот филмски случај/ (1980)
  • Документарни филм - да или не? /Документарен филм – да или не?/ (1982)
  • Увод у естетику кинематографске анимације /Вовед во естетиката на кинематографските анимации/ (1982)
  • Туцање диносаура // (1984)
  • Павле Вуисић /Павле Вуисиќ/ (1985)
  • Загребачки круг цртаног филма I-IV /Загребски круг на цртаниот филм I-IV/ (1978-1986)
  • Алиса на путу кроз подземље и кроз свемир /Алиса на пат низ подземјето и вселената/ (1986)
  • Чудовишта која смо волели I-II /Чудовишта кои ги сакавме I-II/ (1990-1997)
  • Пола века анимираног филма у Србији /Половина век анимиран филм во Србија/ (1999)
  • Филмски критичарски круг 1-3 (2000-2007)
  • 14.444 критичарска дана /14.444 критичарски денови/ (2001)
  • Кино клуб Београд /Кино клуб Белград/ (2003)
  • Чкаља // (2005)
  • Адио, Југо филм! // (2005)
  • Чудовишта која смо волели I-III /Чудовишта кои ги сакавме I-III/ (2007-2008)

Филмографија[уреди | уреди извор]

Режисер[уреди | уреди извор]

  • Путујући кино /Патувачко кино/ (1964)

Сценарист[уреди | уреди извор]

  • Путујући кино /Патувачко кино/ (1964)
  • Вријеме вампира /Време на вампирите/ (1971)
  • Официр с ружом /Офицер со ружа/ (1987)
  • Вече са звездама /Вечер со ѕвездите/ (1991-1997, серијал од 24 епизоди)
  • Павле Вуисић 1926-1988 /Павле Вуисиќ 1926-1988/ (1997)
  • Данило Бата Стојковић - филмска остварења /Данило Бата Стојковиќ - филмски остварувања/ (1999)
  • Душица Жегарац - филмска остварења /Душица Жегарац – филмски остварувања/ (2000)
  • Александар Берчек - филмска остварења /Александар Берчек - филмски остварувања/ (2002)
  • Бора Тодоровић - филмска остварења /Бора Тодоровиќ – филмски остварувања/ (2003)

Извори[уреди | уреди извор]

  1. In Memoriam - Ранко Мунитић“, Danas.rs, 28. 3. 2009..

Надворешни врски[уреди | уреди извор]