Ранет Бизон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ранет бизон, една од најпознатите слики од Алтамира.
Ранет бизон

Ранет бизон е праисториска слика во Алтамира, Шпанија, создадена помеѓу 15000 и 10000 година п. н. е.

Особености[уреди | уреди извор]

Карактеристиките на сликата се:

  • нема композиција, формите биле цртани едни преку други
  • користени се земјени бои, а се претпоставува дека животинска маст била користена како средство за сврзување.
  • цртежот е брз и сигурен, како скица

Прикажана е страшната сила на бизонот, кој се бори иако е ранет, без непотребни подробости кои би ја оптовариле претставата. Чувството за форма и движење е извонреден. Ефектот е постигнат со префинето, контролирано сенчање, кое на формите им дава обилна пластичност. Прикажаната драматичност е без непотребна поетика. Силниот реализам зборува за способностита на уметникот за опсервација на природни форми. Насликан е само со две бои - црвена и темна. Неколку дамки со потемна боја ја истакнуваат пластичноста на формата. Од позадината природните карпи, чии пукнатини, истакнатини и вдлабнатини праисторискиот уметник вешто ги користел, претставувањето на животното е одвоено со темна линија, со разлика во светлини, така да на местата на кои линијате е посветла формата се отвора, а се затвора таму каде е потемна.

Ранетиот бизон е една од сликите од циклусот на извонредни цртежи зачувани на таванот во пештерата Алтамира, затоа што праисторискиот уметник сликал речиси исклучиво животни кои ги ловел, насликани се уште многу бизони, елени, коњи, диви свињи.

Поврзано[уреди | уреди извор]