Ранерс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ранерс
Randers Old Town Hall.jpg
Амблем на Ранерс
Амблем
Грб на Ранерс
Грб
Ранерс се наоѓа во Данска
Ранерс
Локација во Данска
Координати: 56° СГШ 10° ИГД / 
Држава Данска Denmark
Управа
 • Градоначалник Henning Jensen Nyhuus
Површина
 • Вкупна 800,14 км2
Население (2012)
 • Вкупно 61.121
Часовен појас Central Europe Time (UTC+1)
Мреж. место Матична страница

Ранерс е значаен град во Данска, поточно во средишниот дел на државата. Градот се наоѓа во рамките на покрајната Средна Данска, каде со околните населени места претставува општина, Општина Ранерс. Денес Ранерс има околу 60.000 жители во градот и околу 95.000 во околното градско подрачје.

Природни услови[уреди | уреди извор]

Ранерс се наоѓа во средишниот дел на Данска. Од главниот град Копенхаген, Ранерс е оддалечен само 330 километри северозападно.

Релјеф Градот Ранерс се наоѓа во средишниот дел на данскито остров Јитланд. Градското подрачје е типично за данските услови. Надморската височина на средиштето на градто се движи помеѓу 0 до 55 метри.

Клима Климата во Ранерс е типично умерено-континентална под силно влијание на Антартикот и топлата Голфска Струја.

Води Ранерс се формирал како единствено речно пристаниште во Данска, во долниот дел на течението на реката Гуден, која се влева во Северно Море. Реката градот го дели на северен и јужен дел.

Историја[уреди | уреди извор]

Подрачјето Ранерс било населено уште во времето на праисторијата. Населбата е формирана во 12. век, а градските права ги добила во 1350 година. И покрај пет годишната окупација над Данска (1940-1945) од страна на Третиот Рајх, градот и неговото население не претрпеле големи страдања.

населени[уреди | уреди извор]

Денес Ранерс има околу 60.000 жители во градските граници и околу 95.000 со околните населени места.

Етнички состав

Населението на Ранерс до пред неколку децении било типично населено со етнички Данци. И денес етничките Данци се поголемото мнозинство во градот, но мал дел од населението се доселеници.

Галерија[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]