Рана историја на Италија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дел од серијалот за Италија

Историја на Италија

Emblem of Italy.svg
Античка историја

Рана историја
Магна Греција
Римска империја

Среден век

Среден век
Ренесанса
Италијански војни
Обединета Италија

Модерна Италија

Кралство Италија
Прва светска војна
Втора светска војна
Италија

Портал:Италија

Територијата на денешна Италија била населена пред околу 500.000 години во времето на долниот палеолит. Просторот бил населен од страна на неандерталскиот човек.

Најпознатите италијански праисториски цивилизации живееле во периодот на Неолитот. Овде спаѓаат Камунската цивилизација, Терамарската, Виланованската и друѓи.

Човечко присуство[уреди]

Во праисторијата, Апенинскиот полуостров и неговата површина била поинаква за разлика од денес. Така на пример островот Елба и Сицилија биле поврзани со копното, Венеција била плодна рамнина со влажна клима.

Присуството на неандерталскиот човек е докажано според археолошките останки кои датираат од околу 50.000 години. Современиот човек на овие простори се појавил за време на горниот Палеолит. Останки од Aurignacian се пронајдени на овие пристори и датираат од пред околу 34,000 години.

Остатоци од праисториска Италија подоцна биле пронајдени во Лигурија, Ломбардија (покрај Вал Камоника) и во Сардинија. Најпозната мумија пронајдена во 1991 година во е Отзи, и датира од околу 3000 п.н.е.