Рамон Монтоја
Рамон Монтоја (2 ноември 1879 година, Мадрид, Шпанија - 20 јули 1949 година, Мадрид, Шпанија), гитарист и Фламенкокомпозитор.
Роден во ромско семејство (Роми), Рамон Монтоја ја искористил заработката учеството во семејното тргување со говеда, за да ја купи својата прва гитара. Почнал да свири по кафулиња пред да наполни дваесет години.
Формирал партнерство со големиот фламенко кантаор (пејач) Антонио Чакон, коешто започнало во 1912 година и траело повеќе од една деценија. И двајцата учествувале на Concurso de Cante Jondo во 1922 година, одржан во Гранада. Двајцата биле во голема мера одговорни за воспоставување на формата на различните традиционални фламенко напеви коишто се препознаваат денес.
Во традиционалното фламенко, гитарата добил споредна улога. Cante (пеење) и baile (танц) биле главни изведувачи во придружба на гитарист. Монтоја бил еден од првите во оваа улога. Неговото силно свирење често го надвладувало пејачот. Затоа го преземал единствениот логичен чекор и почнал да свири како соло или главен изведувач на концертна сцена. Неговите изведби се широко признати од фламенко историчарите како воспоставувачи на фламенко гитарата во оваа улога.[1]
Тој бил единствениот највлијателен фламенко гитарист на 20 век. Неговите иновации се заслужни за соло кариерите на подоцнежните великани како Сабикас, Манитас де Плата и Мануел Молина.
Тој е чичко на фламенко гитаристот Карлос Монтоја. Неговата внука, Роза Монтоја, е позната по воведувањето на танцот фламенко во поголемиот дел од Калифорнија. Нејзиното студио има седиште во Сан Франциско.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Cf., D. E. Pohren, Lives and Legends of Flamenco (Madrid 1964, 1988) at 273-277.
Избрана филмографија
[уреди | уреди извор]- Кармен, ла де Тријана (1938)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Биографија и дискографија на Рамон Монтоја
- Значајни соло гитаристи Архивирано на 25 октомври 2007 г.
- Биографии на фламенко гитаристи
- Познати цигански фламенко уметници Архивирано на 2 ноември 2007 г.
|