Прејди на содржината

Рамниште (Ново Село)

Координати: 41°51′24″N 21°38′10″E / 41.85667° СГШ; 21.63611° ИГД / 41.85667; 21.63611
Од Википедија — слободната енциклопедија
Рамниште

Карта

Местоположба 41°51′24″N 21°38′10″E / 41.85667° СГШ; 21.63611° ИГД / 41.85667; 21.63611
Основни податоци
Место Ново Село
Општина Зелениково
Тип

 некропола


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Рамништеархеолошко наоѓалиште кај скопското село Ново Село, Општина Зелениково. Претставува некропола од доцната антика.

При обработувањето на земјиштето се пронајдени 5 гроба од типот циста, со скелетно погребување. Еден од гробовите има централна положба, а конструкцијата му е од монолитни камени плочи и капак херметички поврзан со малтер. Во гробот се откриени една златна фибула, два златни прстена со геми и две златни монети. Другите гробови се со примитивна конструкција од тули, а во нив се најдени неколку керамички садови. Гробовите се датираат во IV век.[1]

Наодите се чуваат во Музејот на Град Скопје.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 380. ISBN 9989-649-28-6.