Рамка за сликата на мојата сакана

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Рамка за сликата на мојата сакана“ (српски: Рам за слику моје драге) – југословенски филм од 1968 година, во режија на Мирзa Идризовиќ, кој е еден од авторите на сценариото, додека музиката е дело на Корнелие Ковач. Главните улоги ги толкуваат: Зоран Радмиловиќ, Срѓан Јаковљевиќ, Заим Музаферија.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Една група деца се запознава со млад човек кој само што се доселил во соседството. На почетокот, децата се судираат со него, но потоа се спријателуваат, така што тој им помага да се снајдат со искушенијата што произлегуваат од растењето и од првата љубов.

Наводи[уреди | уреди извор]