Рамиз Зекир

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Рамиз Зекир
Роден 24 ноември 1933
Охрид, Кралство Југославија
Занимање кајакар

Рамиз Зекир (роден на 24 ноември 1933 година во Охрид) — македонски и југословенски кајакар.[1]

Настапувал заедно со Усни Доко каде заедно членувале во ВК „Стрмец“ во Охрид, каде што во 1948 година учествувале на првенствата на Југославија во кајак двосед (К–2) на мирни води. Освоиле прво место на 1000 м во 1952, три први места на 500, 1.000 и 10.000 м, а во К–4 на 500 м второ место во 1953 година. Самостојно освоил и прво место во К-1 на 500 м (1950). Во екипна конкуренција освоиле: второ (1950 и 1952), прво (1954) и три трети места (1948, 1949 и 1953). Настапиле за Репрезентацијата на Југославија на Светското првенство на мирни води во Макон (Франција, 1954), а во К-4 го освоиле деветтото место[2].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). "Зекир". Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. стр. 568. 
  2. Мицковиќ, Миодраг (12 октомври 2007). „СТИЛ: Спортот низ времето“. Утрински Весник. Посетено на 2009-12-01.