Рамеш Сумант Мехта
| Рамеш Сумант Мехта | |
|---|---|
| Роден(а) | 27 декември 1906 Ахмедабад, Британска Индија |
| Починал(а) | 1998 (возр. 91–92) |
| Образование | Диплома по градежништво Магистер по санитарен инженеринг |
| Алма матер | Универзитет во Бомбај Универзитет Корнел |
| Занимање | Еколошки-санитарен инженер и едукатор |
Рамеш Сумант Мехта (27 декември 1906 – 1998) бил индиски едукатор, инженер за животна средина и санитарен инженер. Родителите му биле социјални работници, се школувал по градежно и санитарно инженерство.
Познат е по пионерскиот знгаман во областа на водоснабдување, особено во технологијата на дренажата. управување со отпад и контрола на загадувањето во Индија.
Покрај и како стручен советник во многу домени од оваа проблематика, работел и во неколку образовни институции како предавач и професор .[1]
Ран живот
[уреди | уреди извор]Рамеш Мехта бил роден на 27 декември 1906 година во Ахмедабад, неговите родители биле социјални работници: Сумант и Шарда Мехта.
Основно образование авршил во Ахмедабад, Барода (сега Вадодара) и Карачи. Дипломирал како градежен инженер на Универзитетот во Бомбај во 1931 година а магистрирал од областа на санитарен инженеринг на Универзитетот Корнел, САД во 1933 година.[2]
Се оженил со Пушпа Бхат во 1940 година.
Кариера
[уреди | уреди извор]Мехта се вратил во Индија во 1933 година и се вработил на компанијата „Данкан Стретон“ како санитарен инженер.
Во 1936 година, бил назначен за инженер за водовод од Државата Бхавнагар каде што имплементирал проект за собирање и прочистување на вода.
Во 1945 година, бил назначен за главен санитарен инженер во Нагпур каде што имплементирал систем за водоснабдување и дренажа.
По независноста на Индија во 1947 година, се приклучил на Одборот за вода и канализација во Њу Делхи како инженер, секретар и советник на покана на Сардар Валабхаи Пател, министер за внатрешни работи на Индија.
Тој исто така служел како советник назначен од владата за разни проекти за инженерство во јавното здравство.
Во 1958 година се приклучил на Општинската корпорација на Делхи како главен инженер имплементирајќи го најголемиот систем за дренажа во Индија.
Тој бил член на експертскиот комитет за контрола на загадувањето и управувањето со водите назначен од Владата на Индија и Светската здравствена организација (СЗО).
Во 1961 година, бил назначен за прв директор на Националниот институт за истражување на инженерството на животната средина (NEERI) на Советот за научни и индустриски истражувања (CSIR).
По пензионирањето работел како професор по инженерство за животната средина во Најроби, Кенија. Подоцна работел како проректор на Универзитетот Сардар Пател во Гуџарат од 1970 до 1974 година. Мехта бил поврзан и со одделот за инженерство на животната средина на Бирла Вишвакарма Махавидјалаја, Валабх Видјанагар. Бил и советник за животна средина во Бангладеш.
Во 1975 година, Мехта бил назначен за прв претседател на Одборот за контрола на загадувањето на Гуџарат.
Тој ја основал истражувачка лабораторија во Вадодара, Бхаруч, Раџкот и Вапи пронаогајќи техники за управување со цврст отпад и рециклирање а напишал неколку истражувачки трудови. Бил назначен за претседател на Индиското здружение за водоводни претпријатија.
Мехта бил поврзан и со Сафаи Видјалаја на Сабармати Ашрам, кое е активно во областа на санитарно образование. Тој исто така бил претседател на фондот кој управува со Шет Ц. Н. Видјалаја и други образовни институти во Ахмедабад.[3]
Починал во 1998 година.