Ралф Роуз

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ралф Роуз
Ralph Rose.jpg
Лични податоци
Роден(а)17 март 1885(1885-03-17)
Хилдсберг, Калифорнија, САД
Починал(а)16 октомври 1913(1913-10-16) (воз. 28 г.)
Сан Франциско, Калифорнија, САД
Висина&100000000000001980000001,98 м
Тежина113 kg (249 lb)
Спорт
Земја САД
СпортАтлетика
ДисциплиниФрлачки дисциплини

Ралф Валдо Роуз (17 март 1885 – 16 октомври 1913) — американски атлетичар кој бил специјализиран во фрлачките дисциплини. Тој бил олимписки шампион во дисциплината фрлање ѓуле од игрите во 1904 и 1908, а на игрите во 1912 го освоил златниот медал во фрлање ѓуле со две раце.

Биографија[уреди | уреди извор]

Роуз бил првиот фрлач на ѓуле кој ја соборил границата од 50 чекори (15,24 метри). Неговиот светски рекорд од 15,54 метри, поставен во 1909 година, бил несоборлив 16 години. Во 1904 година, додека се школувал на Мичигенскиот универзитет, тој победил во дисциплините фрлање ѓуле и фрлање диск на универзитетското првенство Big Ten. Тој подоцна се натпреварувал за Олимпискиот клуб во Сан Франциско, Калифорнија и седум пати ја освоил титулата на националната аматерска атлетска унија во дисциплините фрлање ѓуле, фрлање диск и фрлање копје. Тој настапил на три изданија од Летните олимписки игри и освоил три златни, два сребрени и еден бронзен медал. На Летните олимписки игри 1904 во Сент Луис, тој го освоил златниот медал во фрлање ѓуле, сребрениот медал во фрлање диск и бронзениот медал во фрлање кладиво.

Четири години подоцна, на игрите во Лондон, тој ја одбранил олимписката титула во фрлање ѓуле. На свеченото отварање на игрите, Роуз кој бил знаменосец на САД, одбил (подржан од мнозинството американски спортисти со ирско потекло) да го предаде знамето на кралската ложа, како што направиле останатите земји. Мартин Шеридан ја објаснил оваа акција на Роуз со кратката изјава, „Знамето не може да се предаде на кој било крал“. Според легендата, ова предизвикало огорченост помеѓу САД и Обединетото Кралство. Освен натпреварувањето во фрлање ѓуле, Роуз се натпреварувал и во влечење јаже, но екипата на САД не била успешна.

На Летните олимписки игри 1912 во Стокхолм, тој победил во дисциплината фрлање ѓуле со две раце префрлувајќи 27.70 метри, го освоил сребрениот медал во вообичаеното фрлање ѓуле, завршил деветти во фрлање кладиво и еднаесетти во фрлање диск.

На 28-годишна возраст, тој починал од стомачен тифус во Сан Франциско.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. ATHLETE ROSE DEAD; VICTIM OF TYPHOID“, 17 октомври 1913 (посет. 4 јули 2013 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Олимписки игри
Претходник
-
Знаменосец за САД
Лондон 1908
Наследник
Џорџ Бонег
Рекорди
Претходник
Нема
Светски рекордер во фрлање ѓуле
21 август 1909 – 6 мај 1928
Наследник
Германија Емил Хиршфелд