Ракуго

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ракуго (落語) е традиционална јапонска уметност на раскажување приказни на сцена. Се состои од еден раскажувач т.н. ракугоке (落語家) облечен во традиционална јапонска носија кој седи пред публиката и ја раскажува приказната низ дијалог, прилагодувајќи го гласот, мимиките и начинот на говор на ликовите од приказната. На сцена како помош може да користи хартиено ладало (сенсу 扇子) и парче ткаенина (тенгуи 手拭) додека цело време седи во сеиза поза на подлога со назив коза (高座). Траењето на изведбата зависи од должината на приказната која секогаш по правило мора да има дијалог од двајца или повеќе луѓе кои изведувачот мора да ги подражава менувајќи го тонот и висината на гласот но и со вртење на главата имитирајќи израз на лицето кои ликот во тој момент мора да го има.

Изведувач на ракуго на Санма фестивалот

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]