Ракометно игралиште Битола

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ракометно игралиште Битола е отворено игралиште направено за одржување на концерти. Познати манифестации кои се одржуваат во Ракометното игралиште се Илинденски денови, Ѕвездена орбита на популарноста во организација на телевизија Орбис, и многубројни концерти. Пејачи кои имале настапи во ракометното игралиште се Анета Мицевска со групата Молика, Влатко Лозаноски, Тоше Проески, Слаткаристика и Тони Зен, Нокаут, македонската група Фолтин, Рамбо Амадеус и Хладно Пиво во склоп на Битола отворен град и многу други. Во ракометното игралиште исто така се одржуваат и ракометни и фудбалски натпревари и тренинзи.

Ракометното игралиште се наоѓа меѓу Широк сокак и Градскиот парк и наспроти битолскиот музеј и Спортската сала Младост.

Поврзано[уреди | уреди извор]