Раково (Леринско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Раково
Κρατερό
Раково is located in Грција
Раково
Раково
Координати: 40°51′N 21°19′E / 40.850° СГШ; 21.317° ИГД / 40.850; 21.317Координати: 40°51′N 21°19′E / 40.850° СГШ; 21.317° ИГД / 40.850; 21.317
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерин
ОпштинаЛерин
Општ. единицаДолно Клештино
Надм. вис.&10000000000000980000000980 м
Заедница
 • Население151
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.531 00
Повик. бр.2385
Рег. таб.ΡΑ

Раково (грчки: Κρατερό, Кратеро, до 1926 г. Ράκοβο или Ράκοβον, Раково или Раковон[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, Грција, денес во Општина Лерин, Западна Македонија. Во 2001 г. селото имало 151 жител.

Географија[уреди | уреди извор]

Селото е сместено 15 км северозападно од општинскиот центар Лерин и на 8 км западно од Долно Клештино (Като Клинес) на реката Раково (Кратериотико Рема) на планината Пелистер близу до границата со Република Македонија.

Историја[уреди | уреди извор]

Во Османлискoто Царство[уреди | уреди извор]

Рушевини на Раково опожарено во репресалиите по Илинденското востание

На почетокот од XX век Раково е чисто македонско село во Битолската каза. Во 1861 г. Јохан фон Хан на етничката карта на долината на Вардар го означува Раково како македонско село.[3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Раково има 850 жители.[4]

На почетокот на XX век сите жители на Раково припаѓаат на Цариградската патријаршија. По податоци на Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. в селото има 640 Македонци кои живеат под грчка пропаганда.[5]

Според грчки извори, за време на Илинденското востание четите на ТМОРО вршеле притисок врз селаните да преминат во Бугарската егзархија. Откако селаните тоа го одбиле, една чета на ТМОРО им се заканила дека ќе им го запали селото. Селскиот свештеник Папа Димитриос и двајца селани, К. Трајану и Ј. Константину, биле убиени, а петмина други селани биле претепани. Подоцна, една чета на ТМОРО повторно влегла во Раково и го убила свештеникот Митанидис, претседателот на селото Ставрос Малијоргос и потпретседателот Јоргос Биковитис.

На почетокот од август 1903 година (стар стил) турските војски го нападнале селото во склоп на нивните напори за задушување на Илинденското востание, при што запалиле и уништиле 100 од 120 куќи во Раково. Георги Поп Христов во своите спомени пишува дека турската милиција го запалила селото, при што старците, жените и децата избегале во шумата.[6] Христо Силјанов исто така пишува дека на почетокот на август 1903 година востаниците имале борба со турската војска, при што турската војска била задржана се' додека не се повлекло населението.[7]

Во 1907 година селото повторно било запалено од четите на ВМОРО.

Вo Грција[уреди | уреди извор]

За време на Балканските војни селото е окупирано од грчките единици и останува во Грција по Букурешкиот мировен договор. Во 1913 г. селото имало 1.008 жители, во 1920 г. 299 семејства со 811 жители, а во 1928 г. — 740 жители. Во 1926 г. е преименувано на Кратерон.[8] Во 1932 г. во селото живеат 201 македонско семејство, а во 1945 г. 950 жители, сите наводно веќе погрчени. Пописот од 1951 г. покажува 719 жители.

Во 1947 година, за време на Грчката граѓанска војна, селото повторно било запалено.

Црквата во Раково „Свети Никола“ е изградена во 1843 година. Селската слава е на 7 јули.

Личности[уреди | уреди извор]

Васил Малогеоргиев (Василис Малио Јоргос) и Константин Бојковски (Константинос)
  • Иван Кафеџијата (? - 1903) — македонски револуционер, војвода на ВМОРО
  • Лазо (Λάζος) — андартски деец, братучед на Павле Илиев и помошник на капетан Мораитис[9]
  • Михаил Раковчето (Μιχαήλ Ρακόβου) — грчки андартски деец, куриер и водач на чети[9]
  • Павле Илиев (Павлос Раковитис, ? - 1908) — андартски капетан
  • Петар Ив. Атанасов (1878 - ?) — македонско-одрински ополченец, Втора рота на Деветтата велешка дружина[10]
  • Трајче Грујоски — Павле (1921-2016), македонски партизан и политичар

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. (PDF 39 Мб) Фактична состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г.. Државен завод за статистика на Грција. 2003. http://dlib.statistics.gr/Book/GRESYE_02_0101_00095.pdf. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ράκοβο -- Κρατερό
  3. Croquis der westlischen Zurflüsse des oberen Wardar von J.G. von Hahn. Deukschriften der k Akad. d wissenseh. philos. histor. CIX1Bd, 1861.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 236.
  5. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 168-169.
  6. Георги Попхристов, "Революционната борба в Битолския окръг"
  7. "Освободителнитѣ борби на Македония", том I Илинденското възстание, Издателство на Илинденската организация, София, 1933, 309 стр.
  8. Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971
  9. 9,0 9,1 Μάνος, Νικόλαος. Αφανείς Γηγενείς Μακεδονομάχοι (1903-1913), Ι. Σ. Κολιόπουλος (επιστ. εποπτεία), Ι. Δ. Μιχαηλίδης – Κων. Σ. Παπανικολάου (επιμ.), Θεσσαλονίκη, Ε.Μ.Σ. – University Studio Press, 2008, стр. 169.
  10. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр.69.