Размена на местата
„Размена на местата“ (англиски: Trading places) – филм на режисерот Џон Лендис (John Landis) од 1983 година, снимен по сценариото на Тимоти Харис (Timothy Harris) и Хершел Вајнгрод (Herschel Weingrod). Главните улоги ги играат: Ден Акројд (Dan Aykroyd), Еди Марфи (Eddie Murphy), Џејми Ли Кертис (Jamie Lee Curtis), Денхолм Елиот (Denholm Elliott), Ралф Белами (Ralph Bellamy) и Дон Амичи (Don Ameche). Музиката за филмот е дело на Елмер Бернстајн, кој бил номиниран за наградата „Оскар“, Елиот и Ли Кертис биле наградени со БАФТА за најдобри споредни глумци, додека филмот бил номиниран за „Златен глобус“ за најдобра комедија или мјузикл. [1]
Синопсис
[уреди | уреди извор]Луис Винтроп III (го игра Акројд) е успешен млад брокер со раскошен стан и со личен слуга (го игра Елиот). Били Реј Валентајн (го игра Марфи) е ситен измамник и бездомник. По една незгода во која Валентајн се среќава со Винтроп и со неговите работодавци, браќата Дјук, тие решаваат да направат мал опит: да ги заменат животите на Валентајн и Винтроп. Тие му местат кражба на Винтроп, кој останува без свршеницата, станот и кариерата, а Валентајн го зазема неговото место. Меѓутоа, со помош на новата пријателка, проститутката Офелија (ја игра Ли Кертис), Винтроп смислува план како да си врати угледот...