Разговор со корисник:Wikimk/Архива 1

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија
Ова е архива на минати разговори. Не ја менувајте содржината на оваа страница. Ако сакате да почнете нов разговор или да разговарате за стара тема, ве молиме обратете се на сегашната разговорна страница.
Архива 1


Добредојде!

Здраво, Wikimk, и добредојде на Википедија! Благодариме за Вашите придонеси. Се надеваме дека Ви се допадна местото и одлучивте да останете. Еве некои страници кои можат да Ви бидат од помош:

Се надевам дека ќе уживате во уредувањето и во тоа што сте википедијанец! Ве молам потпишувајте ги вашите пораки на страниците за разговор користејќи четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако ви треба помош, видете Портал/Помош, слободно обратете ми се мене, или поставете го прашањето на оваа страница и ставете {{помош}} пред прашањето. Повторно, добредојде! --Kiril Simeonovski (разговор) 21:06, 21 декември 2008 (UTC)

Здраво[уреди извор]

Мило ми е што имаме уште еден уредник во Википедија на македонски јазик. Продолжете со вашата активна работа тука! Меѓутоа, имам една забелешка. Вашите статии за вработените на Институтот за хемија се несоодветни за енциклопедија каква што е Википедија. Тука се пишува за личности кои придонеле за општиот развој на човечката цивилизација (науката, уметноста и сите останати сфери на човеково дејствување). Во случајов, тоа се само вработените од соодветниот институт - Википедија не е место за самопромовирање. Во Википедија постојат определени правила кои мора да се почитуваат, со цел создавање на што е можно поквалитетна и релевантна енциклопедија. Ве советувам да прочитате и што не е Википедија. Уште еднаш - поздрав - и продолжете со вашата работа! Boyan (разговор) 14:59, 23 декември 2008 (UTC)

За менијата[уреди извор]

Мислиш на врските на врвот Вовед - Почетен курс - блаблабла? На тоа ли? Патем, браво за банерот, навистина добра работа :) --Brainmachinewtf? 13:14, 6 јануари 2009 (UTC)

Да на тоа мислам!
Фала за коментарите за банерот. Ако немаш прочитано што напишав вчера во [Селска чешма] те посоветувам да го сториш тоа. Мислам дека ќе биде добро да се стори нешто такво. Поздрав, Wikimk (разговор) 13:21, 6 јануари 2009 (UTC)
Ок ли е сега -- Википедија:Портал? (и на другите страници ќе се направи промената, само треба да се направи било какво уредување на нив). Btw, го прочитав тоа на селската чешма. Значи треба да го ставаме банерот на вебсајтови, блогови и сл. за да промовираме? Одлична идеја :)
Уште нешто: кога правиш [[врска]] до некоја страница овде, само додај го името на страницата меѓу [[двете загради]], а не го копирај целото URL на страницата (вака не - [[http://mk.wikipedia.org/wiki/блабла]]). Ако треба да ставиш врска до определена секција, само користиш тараба (#), па името на секцијата. На пример: за да направиш врска до твојата секција на селската чешма: [[Википедија:Селска чешма#Нов импулс во развојот на македонската Википедија]]Википедија:Селска чешма#Нов импулс во развојот на македонската Википедија. --Brainmachinewtf? 13:35, 6 јануари 2009 (UTC)
OK. Fala za sovetot. Wikimk (разговор) 13:40, 6 јануари 2009 (UTC)

Се случува... Не знам, можеби зошто имам адвертајзинг позадина, па преувеличувам, ама стварно мислам дека луѓето може да си спојат баби и жаби... Уште тоа ни фали... :-) --FlavrSavr (разговор) 17:06, 6 јануари 2009 (UTC)

Re>Алтернативно[уреди извор]

Здраво Wikimk, мислам дека за прв пат контактираме па добредојде и од мене. Околу темата за тоа што е подобро: дали да се прават нови статии никулци со по две-три реченици или пак да се прават квалитетни стати со референци и слично сме дискутирале многу пати на оваа википедија. На мене не ми пречи ништо! Со три администратори досега имам разговарано на оваа тема и тие ме упатуваат сепак да создавам никулци, се со цел да го стигнеме барем нивото на балканот. Но доколку се реши да се прават квалитетни статии нема проблем, овде сме...--Астрион (разговор) 20:44, 6 јануари 2009 (UTC)

Во врска со оваа иницијатива немапроблем јас ја подржувам, нормално доколку сами не си бараме “чајре“ никој нема да ни помогне. Ќе видам што можам да направам за промоција, но не знам само дале сега треба или да почекаме за банерот--Астрион (разговор) 21:11, 6 јануари 2009 (UTC)

За сликите[уреди извор]

Здраво, нека е за многу години :) Оти во банерите го користиш логото на Википедија (белата топка составена од делови на сложувалка), мора да напоменеш дека дел од сликата има заштитени авторски права од Викимедија Фондацијата. За тоа е шаблонот {{ЗаштитеноВикимедија}}. Исто така, ова лого е издадено под ГЛСД лиценца, така мора и ти да го издадеш (ќе ставиш шаблон {{ГЛСД-корисник}}). Пожелно е да е потполнет формуларот {{Слика-инфо}}. Да скратам, еве што треба да ставиш во сликите:

{{Слика-инфо
| Опис         = Википедија банер (бла бла бла)
| Извор        = Свое дело. 
| Датум        = ~~~~~
| Автор        = ~~~
| Дозвола      = {{ГЛСД-корисник}} {{ЗаштитеноВикимедија}}
| други_верзии = Во себе го содржи (целосно или делумно) логото на Википедија, [[:Слика:Wiki.png]]
}}

Поздрав, Brainmachinewtf? 17:50, 7 јануари 2009 (UTC)

ДСЗ факт[уреди извор]

ДСЗ Еден факт од статијата Карл Саган за која дадовте поголем придонес се најде во секцијата „Дали сте знаеле?“ на главната страница на 8 јануари 2009. Одлична работа! --Brainmachinewtf? 23:19, 8 јануари 2009 (UTC)
Благодарам за коментарот! Поздрав, Wikimk (разговор) 23:23, 8 јануари 2009 (UTC)

Предлог идеја[уреди извор]

Шкртни нешто на SETI@home статијата, таман ти е позната темата :)

п.с. Браво за СЕТИ, супер е статијата сега :) Поздрав --Виолетова (разговор) 21:54, 18 јануари 2009 (UTC)

Промоција со помош на банерот[уреди извор]

Здраво. Мене ми е многу мило што се трудите околу промоцијата на Википедија на македонски јазиик, а со тоа и афирмацијата на македонскиот јазик. Мислам дека е потребно да утврдиме на кој начин ќе функционира нашата промотивна кампања, со цел зголемување на бројот на корисници на Википедија на македонски јазик. Јас имам во план неколку од најпосетуваните веб-форуми и портали, но сепак потребно е банерот да биде вметнат во комбинација со пишан збор. Ние редовно правиме соопштенија по јубилејниот број на статии (15.000, 20.000), а ќе продолжиме слично и понатаму. Нашите соопштенија вродија со плод и уште истиот ден нашиот успех беше достапен на тие страници. Мислам дека промоцијата би можела да биде слична, со тоа што наместо на 5-6, да ја испратиме до повеќе од 10 упатни места. Мислам дека колку подалеку се слуша, дотолку е поголема веројатноста сето тоа да биде успешно. Доколку се согласувате или имате нешто да додаете или предложите, слободно пишете ми. Јас, сепак верувам во успех. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:27, 19 јануари 2009 (UTC)

Се согласувам. Мора да работиме напорно, не до 50.000 или 100.000 статии, не додека има други јазични изданија пред нас, туку додека има статии за уредување. Тоа со бретонците ти беше добар пример, но види го примерот со јазикот Волапик, имаат уредено 118.000 статии и се на 19. место на листата на јазици. Мислам дека со голема желба и труд може многу да се постигне. Ние сме моментно дваесетина, но вистински уредувачи. Нам не ни е потребно само регистрирање на нови корисници, туку фанатични и полни со желба да помогнат. Мислам дека ова ти целосно го разбираш, па сигурен сум дека ние не, повеќе од 20 ќе успееме овој број да го зголемиме и да продолжиме со ова темпо.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:34, 19 јануари 2009 (UTC)

Поставена е ознака на Катарина Чундева со која се бара да биде избришана од Википедија по брза постапка. Тоа е направено заради следнава причина:

ВП:КББ#СТ3 Статија без содржина — Било која статија која се состои само од инфокутија и/или надворешни врски, ознаки за категорија, интервики врски и „видете исто така“ секции, повторување на насловот

Под критериумите за брзо бришење, статиите кои не ги исполнуваат основните стандарди на Википедија можат да бидат избришани во секое време. Ако можете да покажете зошто е статијата или содржината соодветна, можете да го предизвикате бришењето. За да го направите тоа, додадете {{ејпочекај}} на врвот на страницата и оставете објаснување на страницата за разговор на содржината во кое ја прикажувате Вашата позиција. Ве молиме самите да не ја отстранувате ознаката за бришење, но не се двоумете да додадете информации кои ќе ја подобрат важноста на темата и ќе овозможат содржината да е исправна во однос на нашите стандарди. Доколку имате било какви прашања, консултирајте се со Википедија:Прашања за да утврдите каде да го поставите. Благодарам за Вашето разбирање, --Brainmachinewtf? 19:52, 20 јануари 2009 (UTC)

Здраво :) Накратко, „Википедија не е збирка на надворешни врски“ (ВП:НЕВРСКИ), тоа ни е еден од принципите, што значи — ќе мора сите такви слични страници да се избришат. Поздрав, Brainmachinewtf? 20:14, 20 јануари 2009 (UTC)
Мој предлог, ако не те мрзи Wikimk, шкртни по некоја реченица, па тогаш веќе тие статии ќе личат на статии... --Виолетова разговор 20:21, 20 јануари 2009 (UTC)
Супер, тоа е вики-духот! Слободно прошири ги статиите, si vou ples :) --Brainmachinewtf? 20:41, 20 јануари 2009 (UTC)

За табличките[уреди извор]

На англиската Википедија има таблички од Тетово, ама јас ја зедов сликата од германската, кога веќе сите слики се од скопски таблички, реков и оваа нека биде скопска. Инаку види на англиската Википедија, таа сликата на англиската е со нормални букви, па види дали сметаш дека е подобра. Но сепак сметам дека нема потреба да ги менуваме, бидејќи е добро наведено во објаснувањето дека последните се букви.

--√ гитардэмонговори со мной


Иницијатива 2009-година на астрономијата[уреди извор]

Иницијатива
         Здраво, Wikimk/Архива 1!
Голема благодарност за Вашите придонеси во исполнувањето на целите на досегашните иницијативи. Како што веќе знаете 2009 е прогласена за меѓународна година на астрономијата, па затоа на Википедија на македонски јазик е покрената иницијатива за зголемување на бројот на статии поврзани со астрономијата, како и проширување на постоечките, создавање на нови портали, шаблони и инфокутии во тековната година. Во функција на оваа иницијатива е ВикиПроектот Астрономски објекти. Секој Ваш придонес е добредојден. Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели,

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 14:26, 23 јануари 2009 (UTC)

Езуити[уреди извор]

Јас како што имам слушнато е Иусовци. Но, намерно пренасочувам во повеќе наслови, бидејќи некои различно го слушнале, а и тоа се случува, па за да може да го најдат полесно. Не ми е пробле, ќе гоп пренасочам и во Езуити. Поздрав.

Јас па во една книга за темпларите го имам најдено како Исусови војници.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:51, 25 јануари 2009 (UTC)

Иницијатива 500 (избрани) статии[уреди извор]

Иницијатива 500 (избрани) статии
         Здраво, Wikimk/Архива 1!
Најпрвин сакам да Ви се заблагодарам за Вашите придонеси во остварувањето на целите на претходните иницијативи. Сакам да Ве известам дека на Википедија на македонски јазик се покренува иницијативата за уредување на 500 (избрани) статии, која ќе има за цел проширување на постоечките и уредување на нови квалитетни статии, кои без поголеми промени може да бидат избрани на Главната страница. Може да придонесувате со уредување на квалитетни статии од сите области. Подобрените квалитетни статии или новите квалитетни статии додадете ги во порталот со 500 статии. Порталот служи и како увид за тоа како напредуваме во остварувањето на целта, а е и помагало за полесен избор на избрана содржина. Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели,

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 01:05, 1 февруари 2009 (UTC)

За која статија зборуваш, за Зоран Здравковски? Или? Уредив неколку не сфатив за која зборуваш веројатно за неа. Кажи ми да не пишувам џабе ако не зборуваше за неа xD --√ гитардэмонговори со мной √ 19:13, 2 февруари 2009 (UTC)

ОК, сфатив :) Нема проблем, сликата ја чапнав од англиската Википедија. --√ гитардэмонговори со мной √ 19:16, 2 февруари 2009 (UTC)

Избрана статија на fo.вики[уреди извор]

Здраво. Тоа значи дека статијата е избрана на Википедија на фарски јазик. Тоа гоима многу статии, и не само кон Википедија на фарски јазик, туку и кон останатите јазични изданија. Таа категорија обично се појавува со ѕвездичката во врските до другите Википедии, но сепак сите статии ја немаат категоријата. Сепак, мислм дека нема да биде лошо да остане категоријата. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:25, 8 февруари 2009 (UTC)

Конвенции за именување.[уреди извор]

Те молам види го ова! [1] --Макс(разговор) 14:05, 9 февруари 2009 (UTC)

Мултимедијална содржина на главната страница[уреди извор]

Гласањето во Портал/Идеи за избрана мултимедијална содржина на денот на главната страница заврши во предвидениот рок, со 10 гласа За , ниту еден против или воздржан глас. Соодветните измени на главната страница се направени, така да сега нашата главна страница како што можете да забележите е збогатена и со оваа содржина, благодарност до Bjankuloski06 кој активно работи на commons за да имаме извонредни преводи на описот на содржините во оваа секција, благодарност за вашата подршка на оваа идеја. Можете да помогнете со превод на соодветните страници на Commons:Медија на денот. Поздрав. --brest (разговор) 20:46, 16 февруари 2009 (UTC)

За б-то[уреди извор]

Всушност е едначење на согласките по звучност, но дури сега забележувам дека вака е правилно :) Поздрав, Brainmachinewtf? 21:01, 16 февруари 2009 (UTC)

Ако, ако, и јас почнав да ситничарам (корисно е, особено за енциклопедијава!) ама имам уште многу работи да научам. --Brainmachinewtf? 21:15, 16 февруари 2009 (UTC)

Пиратство[уреди извор]

Здраво. Не е добро кога во секој ред од една статија, еден ист збор се претставува со врска кон таа статија. Во статијата пиратство, зборовите Порт Ројал и Шпанци се со директни врски при секоја нивна појава. Тоа е многу лошо, бидејќи со црвено-сината боја на линкот се одвлекува вниманието на читателот. Исто така, линкови се ставаат само по еднаш или евентуално повеќе пати, доколку одалеченоста од едното до другото повторување на еден ист збор е доволно големо, така што не може да се види во рамката на екранот. Во овој случај, еден збор се повторува во секоја втора реченица, па не мора да се претставува како врска. А, за годините и имињата на државите и континентите нема потреба од врски, бидејќи всушност врските се употребуваат за помалку познати зборови, а не за држави или години. Сепак ако има интерес ќе земе ќе го најде на лентата за пребарување. Мислам дека поправката на печатни грешки е добра, но не и додавањето на врски. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:34, 17 февруари 2009 (UTC)

Известување[уреди извор]

Да ве информираме дека на Facebook се формира група Wikimedia Macedonia. Доколку сакате да бидете дел од таа група слободно придружете се. Поздрав--MacedonianBoy 09:07, 20 февруари 2009 (UTC)

Оки, нема проблем, како е така е. Поздрав и од мене--Астрион (разговор) 21:24, 26 февруари 2009 (UTC)

е (број)[уреди извор]

Здраво. И мене ме зачуди кога видов дека многу малце се употребуваат термините од типот Ојлеров или Неперов број. Подеднакво ги имам наоѓано во литературата, па затоа мислам дека најдобро би било насловот да си остане е (број). Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:33, 1 март 2009 (UTC)

За имиња преведени на македонски[уреди извор]

Сакав да прашам нешто во врска со имињата кои што треба да ги преведеме на македонски. На пример Felipe Mattioni не знам како точно се изговара, дали Фелипе Матиони или Фелипе Мациони. Што да правиме во однос на ова? Дали да го пишеме како мислиме дека е, или едноставно да го пишеме насловот на страната на латиница? MrBones (разговор) 23:40, 28 март 2009 (UTC)

Според моите познавања на Правописот презимето на овој фудбалер би требало да биде пренесено како Матиони. Иако човекот е родев во Бразил сепак изгледа дека има италијанско потекло. Поздрав, --Wikimk (разговор) 07:06, 29 март 2009 (UTC)
Аха. Епа во ред тогаш, ама мислам дека клубот не се вика Жремио, туку Гремио. И сега дали да пишуваме некои поими што не знаеме точно како се изговараат на латиница или на кирилица? И уште една работа не ми е јасна. Ставив слика што е најдена на нет и не е лиценцирана или заштитена или не знам што, туку е обишна слика, а некој сепак ја избришал. Зашто?
Благодарам на времето. поздрав --MrBones (разговор) 08:22, 29 март 2009 (UTC)
(1) Што се однесува до клубот. За таа работа си во право. Јас направив грешка. Така што нека остане како што го имаш ти напишано.
(2) Во врска со пренесувањето на имињата на македонски јазик. Најпрво би требало да се консултира Правописот за таа работа, а потоа (со оглед на тоа поголемиот дел од нас не се лектори) згодно е при првото појавување на името (како во случајот со Felipe Mattioni) неговото име да биде запишано и на оригиналниот јазик. Во врска со Правописот за повеќе детали може да се обратиш на корисникот Виолетова.
(3) За сликата можам да ти кажам само дека е симната автоматски поради несоодветна лиценца. За повеќе информации за тоа на каков начин правилно се подигнуваат сликите и на каков начин се поставуваат соодветни лиценци те советувам да се обратиш до некои од следниве администратори: Kiril Simeonovski, Brainmachine или Boyan.

Не го прекрстувај човекот, Австриец е, и името му се чита со `Е`, а не со `И` :). Така е и познат кај нас. --Виолетова (разговор) 22:25, 30 април 2009 (UTC)

Честито администраторски статус, админе ...[уреди извор]

... и сè најдобро. Големи успеси. Поздрав и сега ќе пишам да ти го доделат. --MacedonianBoy 23:24, 23 мај 2009 (UTC)

Честитки и од мене.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:26, 23 мај 2009 (UTC)
Честитки Wikimk :) --Виолетова (разговор) 23:28, 23 мај 2009 (UTC)
Фром ми ту. Честитки--Р ашо 23:29, 23 мај 2009 (UTC)

Благодарам на честитките и на поддршката. :-) Се надевам дека и на таму ќе можам конструктивно да допринесувам за нашата Вики заедница. Поздрав, --Wikimk (разговор) 23:38, 23 мај 2009 (UTC)

Добредојде во клубот на администратори. Честито. --brest (разговор) 09:31, 24 мај 2009 (UTC)
Благодарам Brest. Се надевам дека нема да разочарам како администратор. :-) Поздрав, --Wikimk (разговор) 09:45, 24 мај 2009 (UTC)
Јас верувам и убеден сум дека ќе дадеш голем придонес.--brest (разговор) 09:52, 24 мај 2009 (UTC)

Ден на бугарската просвета и култура и на словенската писменост[уреди извор]

Wikik, ова е официjалното име на празник. И не е само на словенската писменост, туку и на бугарската култура --Стан (разговор) 09:56, 24 мај 2009 (UTC)

Во словенска спаѓа и бугарската, а како што знаеш и кај нас е празник. Мислам дека вака е подобро. Не знам за дргуи словенски земји ама верувам дека има и други кои го слават. Ако спомнеме македонска или бугарска имплицира ексклузивност, а вака имплицира космополитизам - многу повеќе од само нашиов мал регион. Згора на тоа Св. Кирил и Методиј се и копатрони на Европа. Вака е најдобро. Поздрав, --Wikimk (разговор) 10:00, 24 мај 2009 (UTC)
Не е подобро, бидеjки ова е "празник на бугарската просвета и култура" + на словенската поисменост. Каj вас е само на словенската писменост, ама каj нас не е. Види официалниот податок:
Български официални празници --Стан (разговор) 10:02, 24 мај 2009 (UTC)
Гледам дека не ја прочита мојата претходна порака. Зборував за космополитизам. Ако зборот словенски не ги вклучува бугарските тогаш друга е работата. Поздрав, --Wikimk (разговор) 10:07, 24 мај 2009 (UTC)
П.С.
Очекував и честитки за изборот во администратор. Инакиу, сѐ уште примам честитки.
Тогаш земи премести Илинденско востание во Илинденско-преображенско востание, за космополитизам? Па даj за поголем космополитизам да го преместим во "24 май (празник)", а? Па да се вклучат и други држава со празници на оваа дата? Има си официално име празника и ова е "Ден на бугарската просвета и култура и на словенската писменост", бришенето на "бугарската " не наjмалку неуважуване кон празникот и Република Бугариjа. ----
Ако набројуваш секогаш може некого да промашиш. :-) --Wikimk (разговор) 10:17, 24 мај 2009 (UTC)
Затоа си има оделна статиjа за Ден на бугарската просвета и култура и на словенската писменост. За да се знае што се слави. Пак кажувам Денот на К и М каj нас е на 11 маj. --Стан (разговор) 10:19, 24 мај 2009 (UTC)
Добро, добро! Ти одговорив на твојата страница! А сега очекувам знак на добра волја од твоја страна, па прекрши јазик и честитај ми оти вчера бев извран за адмиинистратор. :-) Поздрав, --Wikimk (разговор) 10:22, 24 мај 2009 (UTC)

Помош за хемија[уреди извор]

Треба помош во делот „Образложение“ за хемичарите од статијата Нобелова награда за хемија, ти полесно ќе се снајдеш во термините од мене. Кога ќе имаш време, преведувај по нешто. Поздрав. --Виолетова (разговор) 20:34, 24 мај 2009 (UTC)

Важи Виолетова ќе помогнам. Ама не можам веднаш. Поздрав, --Wikimk (разговор) 20:37, 24 мај 2009 (UTC)

Гоце Делчев[уреди извор]

Молам, не вандализирай изворна информация! Jingiby (разговор) 14:11, 28 мај 2009 (UTC)

Видете исто така и Идеята за автономия като тактика в програмите на национално-освободителното движение в Македония и Одринско (1893-1941), 1983, Изд. на Българска Академия на Науките, София, 1983, c. 34.; in English: The idea for autonomy as a tactics in the programs of the National Liberation movements in Macedonia and Adrianople regions 1893-1941", Sofia, Bulgarian Academy of Sciences, 1983, p 34.

....Същите виждания за целите на борбата има и Гоце Делчев. Един от неговите най-близки приятели Коста Ципушев съобщава в своите спомени, че когато през 1902 г. приятели на Гоце го запитали защо се борим за автономия на Македония и Одринско, а не за обединение с България, той им отговаря: “Другари, не виждате ли, че сега ние не сме роби на разпадащата се вече турска държава, а сме роби на европейските велики сили, пред които Турция подписа своята пълна капитулация в Берлин. Затова трябва да се борим за автономия на Македония и Одринско да ги запазим в тяхната цялост, като един етап за бъдещето им прусъединяване към общото българско отечество”... [2] Jingiby (разговор) 14:26, 28 мај 2009 (UTC)

Wikimk, използуването на секундарни извори не е причина да вандализирате статиите. Ве молам, администратор сте, барем основни правила во Википедиjа не прекршуваjте. --Стан (разговор) 15:46, 28 мај 2009 (UTC)

За статиите[уреди извор]

Здраво. Ќе ги корегирам, но ќе Ве замолам ако може да го смениме редоследот на нминациите, бидејќи не е добро само биографии да се предложуваат. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:47, 5 јуни 2009 (UTC)

Шаблони[уреди извор]

Викимк, стисни на уреди на шаблонот за музички настан кој го направив сега и стисни на уреди на англиската верзија и види што е преведено. Треба да се копира се од англискиот шаблон, но не така површно туку кога ќе стиснеш на уреди и кога ќе се отвори за уредување тогаш копирај, потоа пастирај на македонската страна и преведи само тоа што сум превел јас. Поз--Никола Стојаноски 21:40, 14 јуни 2009 (UTC)

Sorry. Учам. :-) Wikimk (разговор) 21:42, 14 јуни 2009 (UTC)

Шоптрајанов[уреди извор]

Еј, здраво! Започнав статија за Бојан Шоптрајанов (учев од неговите учебници и многу го почитувам човекот!). Ако те интересира — слободно вклучи се ;) Оваа страница на мрежното место на ПМФ има доста податоци за него и затоа испратив порака до нив во кое барам дозвола за користење на тој материјал на Википедија (за да можеме слободно да ги копираме поважните детали). Се надевам дека ќе ни дадат дозвола. Ако ти се наоѓа на тебе нешто материјал за човекот (можеби од некоја хемиска публикација или нешто слично?), супер би било да ја прошириме статијата :) Поздрав, Brainmachinewtf? 12:07, 24 јуни 2009 (UTC)

Повеќе сум заинтересиран за биографии и посебно за настани од минатото и за тоа на каков начин тие влијаат брз сегашноста на луѓето кои живеат во регионов. :-) Поздрав, Wikimk (разговор) 08:47, 25 јуни 2009 (UTC)

„Shoptrajanov“[уреди извор]

15:03, 24 јуни 2009 Wikimk избришано "Boyan Shoptrajanov" ‎ (нема ниту еден резултат на Google со ова) — Точно дека нема google погодоци со ова име, но тоа не значи дека нема да се падне некој кој ќе пребара овде на латиница, па „ј“ ќе си го внесе како „y“ по некоја логика, а „ш“ како „sh“. Ова последново, впрочем, и не е толку чудно. Нека стои пренасочувањето. Воопшто не смета. Тоа се само 43 kb на серверите на Викимедија. Brainmachinewtf? 19:00, 25 јуни 2009 (UTC)

Ако е така тогаш имаш пропуштени се уште неколку комбинации во кои би била вклучена промена на буквата „ј“ од презимето со „y“, па потоа може и буквата „в“ од презимето на латиница да ја пренесеш како „w“ или како „ff“ и тогаш можеби ќе ги имаме сите комбинации. Со оглед на ова се прашувам дали ваквиот пристап има смисла? За да го сведеме ова на апсурд еве една споредба. Дали кога јас барам на англиската верзија на Википедија Моцарт го пишувам на нашки или во оригинал?
:-)
Поздрав,
Wikimk (разговор) 19:21, 25 јуни 2009 (UTC)
Ок, го избришав пренасочувањето, но ќе продолжам да ги создавам пренасочувањата од поверојатните наслови на латиница на сите идни страници (овој случај беше малку веројатен). Brainmachinewtf? 20:08, 25 јуни 2009 (UTC)
OK. Поздрав, Wikimk (разговор) 20:14, 25 јуни 2009 (UTC)

Главната страница[уреди извор]

Види го ова. --Brainmachinewtf? 20:34, 25 јуни 2009 (UTC)

Супер е!. На тоа мислев. Инаку, од деталите ми се допаѓа тоа текстот делот „Добредојде“ малку ја препокрива книгата.
Инаку, знаеш ли дека речникот вели дека „добре дојде“ се пишува разделено? Инаку, кога некој ќе ни дојде дома тогаш му искажуваме „срдечно добредојде“.
...ова само патем.
Поздрав, Wikimk (разговор) 20:50, 25 јуни 2009 (UTC)
Фала за потсетувањето :) Да видиме првин што ќе каже заедницата — ќе го ставам предлогот на селската чешма. --Brainmachinewtf? 16:05, 29 јуни 2009 (UTC)
OK. Фала и на тебе за трудот. :-) Поздрав, --Wikimk (разговор) 16:56, 29 јуни 2009 (UTC)

Нè нема на en Wiki![уреди извор]

Дали сте приметиле дека, од за мене непознати причини, нас нè снема од интервикијата на главната страница на англиската Википедија!? Дали некој воопшто знае зошто?? Веќе поставив тема на Селската чешма --Б. Јанкулоски (разговор) 21:58, 7 јули 2009 (UTC)

Шаблон:Drugbox[уреди извор]

Здраво. Ќе го разгледам шаблонот. Сега имам работа околу појаснувањето на новиот начин на предложување на избрана статија. Па, откако ќе завршам, ќе го разгледам пшаблонот. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:51, 12 јули 2009 (UTC)

P.S.Нема да биде лошо шаблонот да го испробате на една рачно уредена статија. За да видите дали функционира. Инаку, кога веќе сте стигнале дотука, и да не е нешто во ред, тоа лесно се поправа.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:53, 12 јули 2009 (UTC)

Гледам дека е сè во ред со шаблонот. Само уште да се преведат неколку редови. Поздрав.
)--Kiril Simeonovski (разговор) 22
53, 12 јули 2009 (UTC)

Дискусијата за кирилица и латиница[уреди извор]

Ве молам да ја пренесете дискусијата овде: Разговор:Курт Кобејн Поздрав, Црноризец (разговор) 01:42, 15 јули 2009 (UTC)

Одредување на минимален број на гласови „За“[уреди извор]

Здраво. Со оглед на тоа, што најверојатно овој предлог нема да се изгласа. Ме интересира, дали кога ќе дојде во ситуација да имаме еднаков број на гласови „За“ и „Против“, тогаш статијата ќе биде избрана? Очигледно е дека овие гласови не дојдоа случајно во табелата, бидејќи гласањето завршува вечер, но јасно е дека новите промени кои ќе бидат направени ќе извршат големи промени, па искрено се надевам дека во иднина, кога повторно ќе бидат предложени овие предлози, иститте, најверојатно по пат на дискусија, а не по пат на гласање ќе бидат усвоени и спроведени. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:21, 18 јули 2009 (UTC)

Статијата и нема сигурно да биде избрана. Тоа е јасно. Работата е што, обично мнозинство не е доволно, бидејќи најлесно е да се даде глас „За“, а кај нас се даваат и без да се чита статијата, се гледа само содржината. Кога се дава глас „Против“, ситуацијата е веќе друга. Потешко е да се гласа против, особено ако гласовите доаѓаат од корисници кои претходно давале глас „За“. Значи има вистинска причина за тоа. Тоа значи дека гласовите „Против“ се поиздржани и поверодостојни од гласовите „За“, кои се даваат чисто солидарно.

Инаку за одземањето на статусот „избрана статија“, се согласувам дека подбро е статиите да се поправат, отколку да им се одзема статусот. Но, за тоа да се направи, потребно е некој да седне и да работи. А, очигледно кај нас тоа никој не го прави, значи тоа е дека ќе се поправат е само мисловна именка. Wikimk, ова јазично издание на Википедија е постојано набљудувано од некои корисници од страна. Затоа, не сакам да оставиме лош впечаток и од овој аспект, односно да имаме катастрофално лоши статии за избрани. Ова поготово важи, откако повеќе не нема како фврска на Википедија на англиски и по обвинувањето на Стан до администраторот, кој ја направи промената. Моментно, целосно е анализирана нашата активност и целосно е анализирана содржината на статиите, а посебно на избраните.

За крај, со оглед на тоа дека Вашите гласови ми изгледаат чисто конзервативни потези, Ве молам да ми дадете решение за оваа ситуација:

Предложена е статија за избрана, според моментниот концепт. Статијата нема противкандидат и по заклучувањето статијата добива 3 гласови „За“ и 5 „Против“. Од ова следува дека статијата нема да биде избрана, а главната страница ќе остане празна. И да предложиме нова статија, за да се среди истата и да се избере ќе помине време, за кое главната страница ќе биде празна. Немојте да си мсилите дека идните статии, кои се предложени за другите недели ќе ни помогнат, бидејќи како што некои корисници истакнаа дека ги мрзи, а тоа е и реалност, ќе ни треба време и тие статии да ги средуваме, па така ќе изгубиме време, за кое главмата страница ќе остане празна.

Не знам, како мсилите дека ова е подобро, но сепак Ваше право е да гласате и немам ништо против. --Kiril Simeonovski (разговор) 20:55, 18 јули 2009 (UTC)

Problemi so šablonot[уреди извор]

Zdravo Wikimk. Edno od dvete prašanja go rešiv, dodeka za drugoto ḱe mi treba dodatna informacija. Imeno, za problemite so greškite vo šablonot za Sulfur dioksid, greškata e minimalna, odnosno treba da vnimavaš koga koristiš materijal od angliskata Vikipedija broevite kako na primer -75,0 na makedonski se oddleni so zapirka i ḱe bide -75.0. So koristenje na zapirka na makedonskite statii se dobivaat greški no so točka ne. Ako imaš vakov sličen problem vo idnina probaj so zamena na znacite. Za prvata točka, ḱe te zamolam poprecizno da mi objasniš što treba da se smeni zošto jas kolku što vidov sè e OK, šablonot funkcionira i slično.
PS: Sorry za latinicata taka počnav i ne vidov deka mi e na latinica, pa me mrzeše da brišam :) Poz--Никола Стојаноски 22:12, 21 јули 2009 (UTC)
Дали треба да преведувам нешто или? Ако е за превод, тогаш не гледам каде би преведувал, шаблонот ти е на македонски и сл.--Никола Стојаноски 22:21, 21 јули 2009 (UTC)
Упс сега видов дека не ти се воопшто чепнати. Вака сега. Прво провери дали функционираат вака како што се. Има на сите дадено како се користи, копирај го тоа и пастирај го во некоја статија. Ако испадне како што треба тогаш е ок ако не ќе треба превод. На ваквите шаблоните (и сите воопшто) ние само преведуваме, за да кога шаблонот ќе се појави на зачувана страна да пишува пр: Густина, точка на топење и сл. Другото се е исто. --Никола Стојаноски 22:26, 21 јули 2009 (UTC)
Да, сега го гледам. Ај јас да пробам па ќе видиме.--Никола Стојаноски 22:30, 21 јули 2009 (UTC)
Комплициран шаблон е, но не знам јас стручно како се па да ги преведувам. Но преводот е лесен. Така на пример има нели {{Density}}}|{{Density}} и едното од овие треба да се преведе за да во шаблонот излезе на македонски, додека другото треба да остане на англиски за да ја препознае информацијата од англиската. Кое треба да се преведе мислам имаш веќе почнато со превод па ќе се снајдеш ако не дај ќе го преведеме заедно. Поз--Никола Стојаноски 22:50, 21 јули 2009 (UTC)
Шаблонов е готов. Колку подшаблони има еден господ знае :) Во иднина ако некој од параметрите излезе на англиски тоа значи дека некои од ситните мали шаблони (како тој сега што го чепнав за ЕЦ број) треба да се преведе. Главните се готови, не им треба превод, само на оние малите. Поз--Никола Стојаноски 23:16, 21 јули 2009 (UTC)
Го проверив со нова статија, сулфурна киселина и се е ок. Само ако си забележал во шаблонот за сулфур диоксид ќе видиш растворлив во water. Не можам да го најдам тоа на англиски да го преведам, уште тоа остана. Поз.--Никола Стојаноски 23:31, 21 јули 2009 (UTC)

Категорија:Македонија и Категорија:Република Македонија[уреди извор]

По (Во) какво (што) се разликуваат овие категории? --Стан (разговор) 22:33, 26 јули 2009 (UTC)

Очигледно никакво.--Р ашо 22:34, 26 јули 2009 (UTC)
Тогаш едната да се брише. Нема потреба од 2 категории за едно и исто нешто. --Стан (разговор) 22:35, 26 јули 2009 (UTC)
Не си ми честитал за изборот за администратор Брат. Замараш инаку со тролувањево. Честитај ми прво па потоа ште разговараме како мажи. --Wikimk (разговор) 22:37, 26 јули 2009 (UTC)
--Р ашо 22:43, 26 јули 2009 (UTC)

Мала услуга[уреди извор]

Здраво Викимк. Како е? Сакам да те замолам нешто. Дали ќе можеш да ја доподредиш листата на држави во светот? Јас ги подредив државите по буква но треба тие што се под иста буква да се подредат. Почна да ми се меша подредувајќи :) поз--Никола Стоіаноски 11:37, 31 јули 2009 (UTC)

Па и мене ми седеа ок, па реков да те прашам тебе. Ако е ок нека си седи како што е. Поз--Никола Стоіаноски 15:13, 31 јули 2009 (UTC)

Hi, Wikimk. Could you possibly help me with expanding this short article by translating the rest of it from en:Gajewniki-Kolonia? Btw., is the name of the artcle correct and legible? :) Regards, Timpul (разговор) 12:06, 1 август 2009 (UTC)

I'll do my best. Regards, --Wikimk (разговор) 12:14, 1 август 2009 (UTC)
Will you help, please? ;) Timpul (разговор) 11:18, 5 август 2009 (UTC)
Dear Timpul, I forwarded your question to MacedonianBoy the same day. He is familiar with the phonetic alphabet and he could help you for a proper translation of the name in Macedonian language. But, he is on a holiday at the moment. I believe he will answer to you as soon as he comes back.
Personaly, I think that the translation of that name in Macedonian does not look like it has been translated from Polish.
Please excuse me for not informing you about this earlier.
Regards, --Wikimk (разговор) 11:36, 5 август 2009 (UTC)

Лош јазик[уреди извор]

Здраво. На статијата Етернет http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%95%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B5%D1%82 во вториот параграф има лош јазик. Не бев сигурен на кој начин да го пријавам ова, затоа пишав на еден од администраторите. Доколку ова не е начинот на кој се пријавуваат вакви работи, Ве молам кажете. -Bgljb (разговор) 11:07, 3 август 2009 (UTC)

Ок Ја поправив страницата и му одговорив на корисникот. --Brainmachinewtf? 12:40, 3 август 2009 (UTC)

Почнав со креирање на ботот, само направи шаблон {{ВикиПроект - Хемија}} кој ботот го поставува на страницата за разговор на секое од овие соединенија. Добро би било да се креира и ВикиПроект поврзан со Хемијата.--brest (разговор) 13:17, 4 август 2009 (UTC)

BTW, пишувај го соединенијата на македонски јазик со голема почетна буква, бидејќи на почеток од статијата додавам реченица од типот Креатинин е органско соединение. Јас за овие што ми ги прати ги претвори рачно, ама ти можеш тоа д аго направиш на почеток. Ботот ги презема и интервики врските од англиската википедија. Па нека ни се среќни новите двеста статии.--brest (разговор) 13:36, 4 август 2009 (UTC)

Ми се допаѓа проектот. Одлична работа е ова. Ќе земам ќе додадам рамка, ќе ги додадам шаблоните и ќе ја подобрам навигацијата, како што е на другиоте проекти. Поздрав.:))--Kiril Simeonovski (разговор) 14:00, 4 август 2009 (UTC)
Супер. Поздрав, --Wikimk (разговор) 14:03, 4 август 2009 (UTC)
Мислам дека може поубаво да го средиме корисничкиот шаблон. А, ќе додадам и упатство. Јас веќе започнав да го средувам, а и логото е како на англиската и како на шаблонот за никулец. јас планирав да го земам од порталот. Пореално е.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:25, 4 август 2009 (UTC)
Ја имате ли базата на податоци и ако не е тајна ќе ми кажете ли колку статии може да се уредат. Благодарам. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:34, 4 август 2009 (UTC)
Има една можност, која мислам дека е попрактична иако досега ја немаме спроведено. Погледнете ја лентата во која се номинирате за администратор или номинирате статија за избрана. Иста таква може да се додаде, и во проектот хемија, со цел полесно да се зачленуваат новите корисници. За ова е потребно малце повеќе време, а и не може со 100% сигурност да се гарантира, дека внесенето име во лентата, автомартски ќе се додаде и во табелата. Единствена можност е табелата да се претстави како шаблон, но во тој случај нема да биде на главната страница на проектот. Мене лично ми се допаѓа и сегашниот начин на зачленување. И тој исто така е лесен. Ова е само предлог за воведување на новости. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:40, 4 август 2009 (UTC)
Ова што го велиш мене ми е advanced level. Отприлика ништо не те разбрав. :-) Ако можеш направи го. Немам против. Поздрав, --Wikimk (разговор) 14:50, 4 август 2009 (UTC)
ВикиПроектот е среден. Сега уште ни преостанува да создадеме листа на статии. Сепак, мислам дека згодно ќе биде да се поделат статиите во шаблони. Затоа, мислам дека може да додадеме и шаблони во таа листа. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:49, 4 август 2009 (UTC)
Мене не ми стои баш најпаметно, бот да ставаме како корисник во проектот, кога всушност Brest го управува.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:28, 5 август 2009 (UTC)

Да те известам, како што ветив, работам на поусовршена верзија на ВП:ЦИТ (прво во мојот именски простор). Целта ми е да биде колку што е можно полесно сфаќањето на целиот процес со цитирање на извори за сите корисници, особено за новите. Слободно вклучи се/давај мислења. Кирил, ако го читаш ова — и ти се вклучи. --Brainmachinewtf? 14:31, 4 август 2009 (UTC)

За една важна работа[уреди извор]

Здраво, Wikimk. Јас пред малку испратив порака до сите корисници на мејлинг листата и се надевам дека сте ја прочитале, иако не добив одговор од никого. Всушност, станува збор за испраќањето на извештајот за напредокот при основањето на здружението. Како што веќе напоменав, јас сум подготвен извештајот да го пратам утре, па мислам дека најсоодветно ќе биде оваа ноќ да поразговараме за тоа на Scype, иако мислам дека воопшто нема да биде добро да праќаме писмо, туку најдобро е да најдеме некој член на советот за локални ограноци на IRC каналот. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:10, 9 август 2009 (UTC)

Здраво Кирил, јас немам добиено ништо. Поздрав, --Wikimk (разговор) 20:18, 9 август 2009 (UTC)
Можеби затоа што не сте додадени на новата мејлинг листа. Јас се додадов мануелно.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:20, 9 август 2009 (UTC)
За ова веќе имаме разговарано. И мислам дека редно е да започне да функционира и оваа листа. Инаку извештајот сигурно ќе биде испратен утре. Мислам дека не може веќе да се чека и да се губи време.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:22, 9 август 2009 (UTC)

Награда за национална гордост[уреди извор]

Македонска ѕвезда за национална гордост
Ви ја доделувам оваа македонска ѕвезда како награда за национална гордост и како бранител на македонскиот идентитет. Поздрав!
оваа Вики награда беше доделена на Wikimk/Архива 1 од страна на --Никола Стоіаноски 09:43, 17 август 2009 (UTC)

Фала Никола. Да си здрав и жив и уште многу статии и уште многу уредувачи да ѝ донесеш на нашава Википедија. Поздрав, --Wikimk (разговор) 10:37, 17 август 2009 (UTC)

Картата на Bogrom[уреди извор]

Иако страницата е заклучена, сепак ме интересира до кога корисникот Bogorm ќе ја истакнува таа карта на страницата? И не знам зошто досега ништо не е преземено истата да се отстрани од секаква примена на нашава Википедија (освен можеби во некое заглавје од типот „Бугарското гледиште“). --Б. Јанкулоски (разговор) 00:00, 22 август 2009 (UTC)

  • Да, на таа карта мислам, а ме чуди зошто немаш против, со оглед на тоа што претставува провокација и може легитимно да се отстрани. Сме отстранувале и помалку провокативни работи од ова... --Б. Јанкулоски (разговор) 01:15, 22 август 2009 (UTC)

Со самото тоа што картата е валидна како податотека не значи дека може да се злоупотребува. Тоа е дело од едни минати времиња која рефлектира тогашна погрешна/повлијаена претстава за нештата. Негирање на интергритетот и постоењето на една држава и народ денес врз база на неа претставува силна провокација и со тоа се сложуваат корисниците (не е прв пат да дискутираме за вакви карти). --Б. Јанкулоски (разговор) 01:22, 22 август 2009 (UTC)

Можеби погрешно сум те разбрал. Сакаше да речеш дека немаш против да се отстрани? --Б. Јанкулоски (разговор) 01:26, 22 август 2009 (UTC)
Може би трябва да видиш какво пише на страниците на македонски потребители в бг уики и да видиш, че никой не им прави проблеми за провокация, макар че написаното от тях си е точно такова. Ето гледай http://bg.wikipedia.org/wiki/Потребител:MacedonianBoy. Това не е ли провокация, или това изказване на друг потребител на личната му страница:"Ве молам кога пишувате на оваа страница да се потрудите да пишувате на македонски литературен јазик, бидејќи македонските дијалекти од Тракија,Мизиј, Румелија не ги разбирам доволно. Но на секој добронамерен т.н. бугар ке му простам. Па не е секој чистокрвен МАКЕДОНЕЦ" (потребителя е http://bg.wikipedia.org/wiki/Потребител_беседа:Raso_mk).--Ilikeliljon (разговор) 15:44, 24 август 2009 (UTC)

Вики средба[уреди извор]

Здраво. Ве известуваме дека на 29 август, сабота, со почеток во 12:00 ќе се одржи Вики средба во трговскиот центар Ramstore во Скопје, на која главно ќе се разговара за здружението Викимедија Македонија, за чие основање сте заинтересирани. Ве поканувам да присуствувате да оваа средба, а Вашето присуство може да го потврдите овде. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:55, 24 август 2009 (UTC)

Кандидати за избрани статии[уреди извор]

Здраво. Имаме 3 нови кандидати за избрани статии. Може да го дадете Вашето мислење или дури и да пшредложите нова статија. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:29, 25 август 2009 (UTC)

Zdravo Kiril. Fala za informacijata. Ako imam vreme ke gi poglednam. Pozdrav, --Wikimk (разговор) 21:10, 25 август 2009 (UTC)

Hi, there is an issue at the Wikipedia:Administrators' noticeboard that requires your attention. Regards! --Стан (разговор) 10:07, 19 септември 2009 (UTC)

Венецијанска република[уреди извор]

Здраво Wikimk. Велиш оти статијата била многу интересна, а гледам дека нешто си чепнал во неја, но ме занима зошто си го ставил шаблонот внимание--Астрион (разговор) 18:38, 14 ноември 2009 (UTC)

Бришене на надворешни врски од Даме Груев[уреди извор]

Здраво Wikmk. Во оваа верзиjа ([3]) си пишувал дека надворешната врска е самопромоциjа. Би сакал да те запрашам коj се самопромоцира? --Стан (разговор) 10:41, 19 ноември 2009 (UTC)

Поевтин начин од самопромоција од блог нема. Згора на тоа блогови може да отвори секој, ама тоа не се релевантни извори на информации.
Почна ли да размислуваш за која современа тема за Република Бугарија ќе пишеш 2-3 збора? Поздрав, --Wikimk (разговор) 10:56, 19 ноември 2009 (UTC)
Добро, ке прегледам во кои статии има наведени блогови и ке оправим проблемот и таму. --Стан (разговор) 11:17, 19 ноември 2009 (UTC)
Ама повторно избегнуваш да ми одговориш! Што е ова? Не ме разбираш што зборувам или не сакаш да ме разбереш? Прашањето беше „Почна ли да размислуваш за која современа тема за Република Бугарија ќе пишеш 2-3 збора?“ --Wikimk (разговор) 11:22, 19 ноември 2009 (UTC)

Портал:Вести[уреди извор]

Ако можеш, види ја тука идеата за Портал:Вести. Поздрав --Никола Стоіаноски 16:54, 28 јануари 2010 (UTC)

Заклучок и гласање[уреди извор]

Имаме заклучок и гласање за вестите на главната страница. --Б. Јанкулоски (разговор) 01:45, 30 јануари 2010 (UTC)

Бришење[уреди извор]

Здраво. Јас ваквите статии уште веднаш по додавањето на шаблонот ги бришам. Ако е очигледно не мора да стои шаблонот, па друг да го избришњ. Спорно е доколку има некои надворешни врски и доколку содржината укажува на нешто. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:49, 7 февруари 2010 (UTC)

Нека си помисли. Убаво ќе биде прво да размисли што ќе уредува, па после да започне. Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:31, 7 февруари 2010 (UTC)

Потпис[уреди извор]

Здраво. Мислам дека е добро да ги потпишувате Вашите коментари, особено со новите корисници (Разговор со корисник:84.238.128.12). Така би знаеле кој им се обраќа и кому да му се обратат. Поздрав. --Kiril Simeonovski (разговор) 17:12, 15 февруари 2010 (UTC)

Па што друго да кажам ? Фала = Благодарам :D

И ја исто се најубаво

Теодосиj Скопски[уреди извор]

Почитувани цензоре,

Земете си ja уредете статиjaта за Теодосиj Скопски. Види го англискиот вариант и бугарскиот на енциклопедиjaта. Во вашата е бил 34 години затворен. Oва са смешки. Тоа се ребугаризира радикално. Од 1901 г. е управител на Пловдивската Епархиja. Човекот е бил член на Бугарската Академиja на Науките от 1910 г. Учeства во покрстването на помаците од ВМОРО во Родопите во 1913 г. Од 1913 до 1919 е митрополит на новосоздадената екзархиjска Марониjска епархиja вo Гjумюрджина, денешна Грциja. Преведува на бугарски и пише црковни книги до смртта си. Со поздрав! 88.203.200.74 (разговор) 15:15, 26 февруари 2010 (UTC)

Здраво, има правила како се цитираат извори. Интернет страници, не може да бидат релевантни извори. Секако, со оглед на тоа што се разбираш во историја повелид дополни ги цитатите како што треба. Инаку, забелешките мои се само формални. Поздрав, --Wikimk (разговор) 15:26, 26 февруари 2010 (UTC)

Како е правилно боксит или боксид? Поздрав--Никола Стоіаноски 13:52, 28 февруари 2010 (UTC)

Р. Македонија[уреди извор]

Здраво, Wikimk. Статијата намерно е уредена, со цел да се потврди постоењето на статијата на Википедија на македонски јазик, кога во некои статии се наоѓа овој запис (видете: 1995 во Република Македонија). Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:26, 19 март 2010 (UTC)

Ок Пренасочувањето е поправено.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:29, 19 март 2010 (UTC)
Види исто така: еден разговор за пренасочувања.--brest (разговор) 21:34, 19 март 2010 (UTC)
Пренасочувањето јас го избришав бидејќи често беше (заедно со други) вандализирани и пренасочени кон некоја си С. Митрова.--Никола Стоіаноски 21:58, 19 март 2010 (UTC)

Георги Острогорски, Историја на Византија[уреди извор]

Сега го видов мејлот, ќе поправам за изворите... поздрав--Еден Македонец 23:24, 20 март 2010 (UTC)

English Wikipedia[уреди извор]

Hello, I saw your question on en.wikipedia at en:User talk:5 albert square and thought I would see if I can help. You should be able to get the other account name changed if you ask a bureaucrat on en.wikipedia. Have a look here for more information. A list of English Wikipedia bureaucrats is here: [4]. I hope that helps. AnemoneProjectors (разговор) 21:53, 4 април 2010 (UTC)

Also, there is an account in your name on de.wikipedia that doesn't appear to be yours, and also has no edits, so you could maybe have that one if you wanted to. AnemoneProjectors (разговор) 22:02, 4 април 2010 (UTC)
Yes I know that. Thank you for the help. Kind regards, --Wikimk (разговор) 22:11, 4 април 2010 (UTC)
I've moved the old Wikimk. You're free to create the account. Bibliomaniac15 (разговор) 18:14, 5 април 2010 (UTC)
Thank you. Kind regards, --Wikimk (разговор) 18:21, 5 април 2010 (UTC)

Патролирање[уреди извор]

Здраво Викимк. Патролирањето е многу корисна работа за заштита од вандали и намерни зли уредувања што би ја олеснила работата на нашата Википедија. Колку што знам јас, само админи ја проверуваат статијата и ако е сè како шти треба статијата се зачувува. Така според таа новина има главна статија и работна статија. Секоја промена после патролирањето се зачувува во работната статија и админ оценува дали новите уредувања ќе одат во главната статија. Многу корисно би ни било ова, барем да го воведеме додека имаме среден број статии. Види тука.--Никола Стоіаноски 19:21, 9 април 2010 (UTC)

Одбивање за мк врска на ен.вики[уреди извор]

Еве ги резултатите од проценката во врска со барањето да не има како интервики на главната страница на ен.вики. Мене не ми е јасно зошто резултативе се такви, но ете, сега и втор админ, по извршени мерења и пребројувања, категорично не одби и според тоа што можам да го видам, не гледам кога во догледно време би фигурирале на главната на ен.вики. Ајде да го разгледаме проблемов таму и да видиме што да се прави. --Б. Јанкулоски (разговор) 09:23, 19 април 2010 (UTC)

  • Патем, Милош штотуку ме извести дека истиот тест се направи за ен.вики дава уште полоши резултати. --Б. Јанкулоски (разговор) 12:05, 19 април 2010 (UTC)

Абе момче, оти ми махаш разговоро от моjта страница.Поздрави --Корисник:C philev 18:21, 21 април 2010 (UTC)

Преименување на статијата „Допирање (полуспроводници)“[уреди извор]

Преименувањето во „Допинг (полуспроводници)“ не е коректно бидејќи „допирање“ е терминот кој е усвоен и раширен во стручната јавност. Молам аргументирано образложение за преименувањето или враќање на претходната состојба. Mice (разговор) 17:30, 22 април 2010 (UTC)

Распад на СФРЈ:ре[уреди извор]

Здраво и од мене. статијата е квалитетна, и се слагам со тебе. Ќе надополнам на крајот, само незнам што да направам со хронологијата, бидејќи има добри податоци. Според тебе, да се создаде статија под името Војните во бивша Југославија така?--Тиверополник (разговор) 20:34, 9 мај 2010 (UTC)

Направив посебна статија, само напиши каде се наоѓа или како се вика англиската верзија од хронологија за југословенската војна.--Тиверополник (разговор) 20:50, 9 мај 2010 (UTC)

Видливост[уреди извор]

Ова сега што го направи е да не можеш да ја споредиш дотичната верзија со друга или? Што му направи? :) Поз--Никола Стоіаноски 19:59, 19 мај 2010 (UTC)

Од кај да знам што направив!
:-)
ОК. Мислам дека станува зобр за следново. Содржината не се брише, туку само не се прикажува. Инаку, во историјата на страницата веднаш то checкbox-овите кои служат да споредба на верзиите се јавува и квадратче. треба да го одбереш него и потоа горе десно (точно над историјата, на иста висина со копчето Споредба на избрани ревизии) се наоѓа копче Прикажи/сокриј избрани ревизии. Со одбирање на ова копче се завршува работата.
Пријатна забава.
Поздрав, --Wikimk (разговор) 20:11, 19 мај 2010 (UTC)
Мислев дека е тоа и мислам е корисна работа за да не се прикаже лоша вандализирана историја. Поздрав и сè најдобро. --Никола Стоіаноски 22:00, 19 мај 2010 (UTC)

Административна поделба[уреди извор]

Здраво Викимк. Зошто го избриша шаблонот? Поз--Никола Стоіаноски 16:46, 23 мај 2010 (UTC)

Не, имаше дискусија и повеќето од тие што беа инволвирани се согласија дека нема потреба од терминот Република во насловот. Брест дури сега реагира за тоа, а така функционираме цела година. Не ја избришав, ја преместив како што треба. Поздрав --Никола Стоіаноски 16:53, 23 мај 2010 (UTC)

ако е префрлено... ќе дадам само објаснување зошто се соглаувам... поздрав--Еден Македонец ? (разговор) 09:23, 30 мај 2010 (CEST) сега мислам дека е ок... поздрав--Еден Македонец ? (разговор) 09:38, 30 мај 2010 (CEST)[одговори]

Само да потсетам, сите шаблони кои се оставаат на кориснички страници и нивните страници за разговор (како на пример: {{регистрирајсе}}, {{добредојде4}}, {{добредојдетест}} и други) мора да се вметнат со subst: пред нив. На пример, {{subst:регистрирајсе|Wikimk}} или {{subst:Тилда}} итн. Поздрав. --Brainmachinewtf? 14:31, 1 јуни 2010 (CEST)[одговори]

Решено?[уреди извор]

Здраво, Wikimk. Можеш ли да ми кажеш што решивме од оваа дискусија, бидејќи мене не ми е јасно. Поздрав, Brainmachine (разговор) 13:22, 11 јуни 2010 (CEST)[одговори]