Разговор со корисник:Tokiokinder

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Добре дојдовте!

Здраво, Tokiokinder, и добре дојдовте на Википедија! Благодарам за Вашите придонеси. Се надевам дека Ви се допадна проектов и дека одлучивте да останете. Еве неколку страници кои можеби ќе Ви се најдат како корисни:

Се надевам дека ќе уживате во уредувањето овде и во тоа што сте Википедијанец! Ве молам потпишувајте ги Вашите пораки на разговорните страници со внесување на четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако Ви треба помош, погледајте ја страницата Википедија:Прашања, прашајте ме мене на мојата разговорна страница, или поставете го прашањето на оваа страница, а потоа ставете {{помош}} пред прашањето. Уште еднаш, добре дојдовте! --Kiril Simeonovski (разговор) 18:28, 9 јули 2011 (CEST)[одговори]

Добредојде[уреди извор]

Здраво. Најпрво сакам да Ви посакам топло добредојде и да Ви се заблагодарам за Вашите одлични досегашни придонеси на Википедија на македонски јазик. Ве охрабрувам да продолжите со ист ритам и понатаму, а доколку имате некои прашања или потреба од помош, слободно прашајте ме. Поздрав и успешно уредување.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:46, 9 јули 2011 (CEST)[одговори]

Категоризација[уреди извор]

Здраво. Драго ми е што имаме некој што ги обработува овие теми. Би сакал да напоменам дека статиите мора да имаат категории бидејќи во спротивно се губат и тешко може да се дојде до нив. Ова е нешто што е сосем задолжително, како што може да се види од сите други статии. Поздрав --Б. Јанкулоски (разговор) 04:47, 10 јули 2011 (CEST)[одговори]

Грешки при уредувања[уреди извор]

Твоите уредувања беа отстранети, затоа што не беа согласно насоките за уредување, а воедно имаш и правописни грешки. Така, бидејќи ова е енциклопедија се употребува енциклопедиски стил на пишување, односно минато неопределено време за сите работи, ти не си таму за да известуваш, не си во моментот на дејствието, пренесуваме што се случило врз основа на дадени извори, па така се користи тоа време. Потоа, датуми во македонскиот јазик се користат без точка, цртички и слично, прифатливо е само 8 април и толку. Поправи ги овие работи во статијата за која си ги вратил промените и ќе ги прифатам истите. Твоите уредувања се добредојдени и не е целта некому да го обесхрабриме, но при тоа треба да се почитуваат правилата на пишување. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 10:21, 8 април 2020 (CEST)[одговори]